Јазот штедење-инвестиции во државниот наспроти приватниот сектор во македонската економија
Journal
Економски медитации
Date Issued
2020
Author(s)
Abstract
Овој труд ја анализира и настојува да ја оцени надворешната макроекономска (не)рамнотежа, преку односот штедење-инвестиции, кај одредени развиени и помалку развиени економии, со посебен фокус на случајот на Република Северна Македонија. Во центарот на истражувањето е секторското декомпонирање на јазот штедење-инвестиции, кое треба да утврди кој сектор (приватниот или државниот) е главен детерминатор на општата макроекономска нерамнотежа кај анализираните земји. Покрај утврдувањето на “улогата“ што ја има секој поединечен сектор во агрегатната макроекономска нерамножа во националната економија, трудот настојува да ги детектира и промените во однесувањето на приватниот и државниот сектор предизвикани од последната глобална финансиска и економска криза. Со други зборови, трудот настојува да го утврди степенот на координација и “компензација“ во однесувањето на овие два клучни сектора и како ваквото однесување се одразува врз општата макроекономска нерамнотежа. Како основа за ваквата анализа се користи методолошктата рамка од системот на национални сметки.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Trud S-I Gockov.pdf
Size
1.03 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):d53aee6d4e37ab45e46d8c05954111a8
