Транспарентноста на македонските компании мерена преку индексот на транспарентноста на Standard and Poor's
Journal
Годишник на Економски факултет, УКИМ, Скопје
Date Issued
2012
Author(s)
Арсов, Сашо
Abstract
Една од причините поради кои трансформацијата на сопственоста во македонските компании не ги даде очекуваните ефекти во поглед на нивната ефикасност се наоѓа во воспоставениот систем на корпоративно управување. Во негови рамки, пак, транспарентноста на компаниите е едно од најболните прашања. Со цел да се обезбеди одреден минимален степен на отвореност на компаниите кон нивните тековни и потенцијални акционери, државата, берзата и Комисијата за хартии од вредност во последниве десетина години презедоа низа мерки со кои ги пропишаа обврските на јавните акционерски друштва на полето на обелоденувањето ценовно чувствителни информации.
Овој труд ја користи постапката на рејтинг-агенцијата Standard and Poor’s за да го оцени степенот на транспарентност на македонските компании. Процедурата се состои во испитување на објавите на акционерските друштва во поглед на тоа дали во нив се наоѓаат податоци од областа на сопственоста, финансиите и управувањето. Резултатите покажуваат дека македонските компани не отишле многу далеку во индивидуалниот однос кон транспарентноста, задржувајќи се претежно на исполнувањето на пропишаните обврски.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Trud-Arsov-Godisnik 2012.doc
Size
134.5 KB
Format
Microsoft Word
Checksum
(MD5):bb5e62c49b643638503562df07787bc7