Надворешната политика на земјите-членки на Вишеградската група и нивниот придонес кон заедничката надворешна безбедносна политика на Европската Унија
Date Issued
2020
Author(s)
Дамјановски, Сашо
Abstract
Проблемот на истражување во овој магистерски труд е улогата на надворешната политика на Земјите Членки на Вишеградската Група, пред и по добивањето на статус полноправни членки на Европската Унија. Трудот дава осврт и на улогата на надворешните политики на Вишеградската Група (V4) по донесување на Договорот од Лисабон, како и поврзаноста со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија за време на нивните претседателствувања со Европската Унија. Предмет на истражување на овој труд е теориското размислување за Земјите Членки на Вишеградската Група како безбедносна зедница, европеизација на нивната безбедносна политика и нивната безбедносна соработка. Целите на истражувањето на овој магистерски труд се: согледување на влијанието на регионалната политичко- безбедносна и економска соработка на земјите на V4 во зголемувањето на нивната безбедносна состојба, во ненасилното разрешување на несогласувањето и исполнувањето на целите на заедничката надворешно безбедносна политика на Европската Унија. Во овој труд се покажува дека концептот на регионалното поврзување претставува начин како меѓусебните несогласувања на одделни држави може да бидат разрешени на начин кој ќе го конвертира несогласувањето во успешна регионална соработка со цел остварување на нивните суштински национални цели и интереси.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
sdamjanovski2020.pdf
Size
896.92 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):d7fbbf4a2701e6f791c2fe246119e51d
