По трагите на една епифанија: Мотивот на Пан и политичката пропаганда на Антигон Гоната
Journal
Patrimonium.mk
Date Issued
2010
Author(s)
Abstract
Иако веродостојноста на легендата за епифанијата на Пан во битката кај Лисимахеја е побиенa во две научни студии во седумдесеттите години од минатиот век, во науката и натаму има мислења дека во античко време имало легенда, според која во текот на битката кај Лисимахеја се појавил богот Пан, кој создал паника во галскиот боен ред и со тоа му помогнал на Антигон Гоната да извојува победа.
Анализата на наративните, епиграфските и нумизматичките извори не говори во прилог на ваквото толкување, а ковањето монети со ликот на богот Пан треба да се набљудува во поширокиот контекст на воено-политичките состојби во Егејскиот басен. Според сè, мотивите поради кои Гоната го искористил ликот на Пан на монетите поскоро биле:
1) да им порача на Македонците дека новиот крал се оградува од непопуларната внатрешна политика на неговиот татко; 2) да покаже дека има намера да ги почитува, возобнови или продолжи конституционалните традиции на династијата Аргеади; и 3) да се доближи кон Македонците – особено од Пиерија и Ботиаја – со инсистирање на култот на едно традиционално почитувано божество во Македонија.

File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
2010 Po tragite na edna epifanija.pdf
Size
684.45 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):8067910fafc68b324d2528aa69c5a909