Now showing 1 - 1 of 1
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    СТИЛОТ И ПРЕВЕДУВАЊЕТО НИЗ ПРИЗМАТА НА КОГНИТИВНАТА УЛОГА НА ПРЕВЕДУВАЧОТ КАКО ПРИМАТЕЛ НА ТЕКСТОТ ПРИ КРЕАТИВНИОТ ПРОЦЕС
    (Филолошки факултет “Гоце Делчев“ - Штип, 2018)
    GJurchevska Atanasovska, Katarina
    ;
    Во овој труд се третира комплексната природа на врската помеѓу стилот и преведувањето. Имајќи го предвид фактот дека оваа тема е сосема малку истражувана, целта на трудот е да се потенцира важноста на когнитивната улога на преведувачот како примател на текстот при креативниот процес кој подразбира преведување на книжевни текстови. Преку споредбена анализа на преведени литературни текстови од англиски на македонски јазик, се акцентира перспективата и важноста на примателот на текстот (преведувачот) при восприемањето на стилскиот ефект од оригиналот и при начинот на кој тој се пренесува или се менува во преводот, што влијае врз квалитетот на преводот генерално. Ваквиот пристап кон преведувањето ја акцентира улогата на преведувачот како читател во текот на креативниот процес, а поттикнува и други прашања како што се стилот на самиот превод како одраз на изборите на преведувачот и неговиот стилски ефект врз преостанатите читатели.