Faculty of Music
Permanent URI for this communityhttps://repository.ukim.mk/handle/20.500.12188/15
Browse
2 results
Search Results
- Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, Полифонијата во делата на македонските композитори создадени во периодот 1960 - 1980 година(Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, Факултет за Музичка Уметност, 2017-12-21)Тихомир ЈовиќOваа дисертација го истражува видот, начинот и обемот на употреба на полифонијата во творештвото на популација од македонски композитори во дваесетгодишен временски период, конкретно од 196о до 1980 година. За оваа цел беше формиран корпус од достапните дела (партитури и снимки) од македонските автори. Исто така, во процесот на собирањето на податоците беа извршени и повеќе интервјуа со живите автори кои твореле во овој период. Собраните податоци беа внесени во дигитална база на податоци која овозможи натамошни квантитативни анализи на истражувачката материја. Нашите наоди ја потврдија основната хипотеза дека во делата на македонските композитори создадени во периодот 1960 - 1980 година се среќава честа примена на полифонија. Полифониот слог е применет првенствено како конструктивен композициско - технички принцип во рамките на дела кои не претставуваат полифони форми. Во тој контекст, во делата се јавуваат следните видови полифонија: имитациска полифонија (фугато, канонска обработка и сл.), неимитациска полифонија (слободни контрапункти) и комбинирана (имитациска и неимитациска) полифонија. Полифоните форми од типот: мотет, мадригал, корал, фуга, пасакалја, канон и сл. се поретко застапени. - Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, Застапеноста на Биофидбек-методата како начин и средство за подобрување на музичките перформанси кај студентите по пијано во Република Македонија(Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, Факултет за Музичка Уметност, 2018-04-16)Елена Атанасовска-ИвановскаДокторскиот труд „Застапеноста на Биофидбек-методата како начин и средство за подобрување на музичките перформанси кај студентите по пијано во Република Македонија“ претставува сериозен обид за збогатување на македонската научна мисла во областа која се занимава со прашањето за сценската трема и техниките за справување со неа кај музичарите изведувачи. Трудот ја третира проблематиката на Биофидбек-методата како техника за справување со сценската трема, со цел подобрување на музичките перформанси кај студентите по пијано во Република Македонија. Трудот е конципиран на тој начин што содржи теориско дефинирање на проблемот, како и емпириско истражување при коешто се користени повеќе методи (анализа на содржина, компаративна анализа, интервјуа и анкетен прашалник). При тоа, проблемот е јасно поставен, а тезата и заклучоците се доследно аргументирани. Вака структуриран, овој научен труд има научни и практични цели. Неговата основна научна цел е да се добие комплетно сознание за застапеноста на Биофидбек-методата кај студентите по пијано, а неговата основна практична цел е да се создаде труд кој ќе им користи на студентите по пијано во насока на подобрување на музичките перформанси кај нив. Истовремено, овој труд претставува појдовна точка за понатамошни истражувања од ваков вид.
