(Faculty of Natural Sciences and Mathematics, 2025)
Nikolovski, Filip
Во овој труд се разгледуваат начини за оценка на максимумот на дискретна рамномерна распределба со помош на прости случајни примероци. Се претпоставува дека популацијата се состои од објекти последователно означени со 1, 2, ..., N, а од неа е избран примерок со големина n и максимум m. Целта е да се конструира оценувач N^ на N кој ќе зависи од n и m. Оваа задача прв пат била разгледувана во контекст на оценка на бројот на произведени германски тенкови во Втората светска војна, па оттука доаѓа нејзиниот назив. Добиените резултати ги применуваме за оценување на бројот на банкноти од 10 денари кои се во оптек.