Faculty of Mechanical Engineering

Permanent URI for this communityhttps://repository.ukim.mk/handle/20.500.12188/13

Browse

Search Results

Now showing 1 - 5 of 5
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    Сеопфатна валоризација на цврст отпад за енергетска примена како RDF и импликации врз околината преку емисијата на стакленички гасови
    (2025-11)
    Улер-Зефиќ, Моника
    Во контекст на зголемената урбана експанзија и еколошките предизвици, справувањето со комуналниот цврст отпад станува сè поактуелно прашање. Овој докторски труд истражува можностите за енергетско искористување на комуналниот цврст отпад преку негово согорување, при што како студија на случај е земен градот Скопје. Истражувањето има за цел детална карактеризација на отпадот, идентификација на неговиот енергетски потенцијал, како и анализа на влијанието на согорувањето врз животната средина. Истражувачката методологија комбинира експериментални, аналитички и нумерички пристапи. Во лабораториски услови се утврдени физичките и хемиските својства на отпадот, како што се густина, влага, испарливи материи, пепел, топлинска моќ и присуство на јаглерод, водород, азот и сулфур. Овие параметри се клучни за проценка на ефикасноста на согорување и избор на соодветна технологија за конверзија во енергија. Истражувањето опфаќа анализа на четири сценарија: постојната состојба со депонирање на отпадот, отворено согорување, контролирано согорување во когенеративна постројка, и согорување во цементна печка. Секое сценарио е оценето според емисиите, остатоците и произведената енергија. Добиените податоци овозможуваат споредба на еколошката и енергетската ефективност на секој пристап, со фокус на идентификување на најодржливото решение за Скопје. Резултатите покажуваат дека комуналниот цврст отпад поседува значителен потенцијал за користење како алтернативно гориво, со можност за намалување на отпадот што се депонира, редукција на стакленички гасови и производство на обновлива енергија. Примената на методите во реални урбани услови овозможува развој на стратегии кои ги поддржуваат принципите на циркуларна економија и одржливо управување со ресурсите. Истражувањето има научен придонес преку применливоста на експерименталните методи и нумеричкото моделирање на комунален цврст отпад од различни урбани средини. Дополнително, резултатите имаат директна практична примена преку развој на процеси засновани на принципите на кружната економија и обезбедување конкретни насоки за интеграција на системи за добивање енергија од отпад во урбани средини.
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    Интелигентни транспортни системи за зголемена безбедност на патиштата во Република Македонија
    (Macedonian Association of Road Engineers, 2025-11)
    Дејан Шишковски
    ;
    Марија Ѓошева Крстески
    Современите предизвици во патниот сообраќај и растечката потреба од зголемена безбедност, ефикасност и дигитална поврзаност ја позиционираат примената на интелигентни транспортни системи (ИТС) како клучна алатка во модерното управување со транспортната инфраструктура. Целта на овој труд е да ги истражи можностите и предизвиците за нивна имплементација во Република Македонија, со фокус на зголемување на безбедноста и подготовка за идни технолошки решенија. Методологијата се заснова на анализа на современите ИТС технологии и напредните системи за асистенција на возачот (ADAS), нивната интеграција преку кооперативни пораки (CAM и DENM), како и улогата на RSU единиците во C-ITS инфраструктурата. Преку компаративна анализа со европските практики се идентификувани институционалните, технолошките и регулаторните празнини, а се предлагаат пилот-проекти за нивно постепено унапредување, имплементација и подобрување на ИТС решенијата во насока на надминување на постојните празнини и усогласување со современите европски стандарди. Резултатите укажуваат дека ваквите иницијативи, во комбинација со континуирано унапредување и одржување на инфраструктурата, можат значително да придонесат за повисоко ниво на безбедност, поинтегриран транспортен систем и поголема подготвеност за интеграција на идни интелигентни технологии
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    РАЗВОЈ НА ХИБРИДЕН МУЛТИФИЗИЧКИ СИСТЕМ ЗА СОБИРАЊЕ ЕНЕРГИЈА ОД ВИБРАЦИИ ЗА ИНТЕРНЕТ НА НЕШТАТА
    (Машински факултет - Скопје, 2025-12-15)
    Дејан Шишковски
    Целта на оваа докторска дисертација е развој и анализа на хибриден мултифизички систем за собирање електрична енергија од механички вибрации, составен од еластична конзолна структура интегрирана со пиезоелектричен и електромагнетен претворувач. Овој пристап ги комбинира предностите на двата механизми за конверзија на енергија, со цел зголемување на излезната моќност и проширување на работниот фреквентен опсег заради негова примена во системите за Интернет на нештата (IoT). Динамичкото моделирање и анализа на побудата на системот во различни работни услови се изведени со софтверскиот пакет MATLAB/Simulink. За анализа и оптимизација на физичките процеси на интегрираниот систем е применет COMSOL Multiphysics, базиран на методот на конечни елементи. Експерименталната верификација е реализирана со LabVIEW, кој е користен за аквизиција, обработка и анализа на мерените податоци. Системот е тестиран со побуда на електродинамички актуатор и на реална симулаторска машина со брзини на осцилации V(rms) 7 mm/s ±1 mm/s, амплитуди на осцилации од А(rms) ±50 µm, забрувања од 0.11 g - 0.22 g. Презентирани се резултати засебно за пиезоелектричниот претворувач и за електромагнетниот претворувач, како и за нивната комбинирана работа. Пиезоелектричниот претворувач постигна максимална излезна моќноста од 0.5 mW и 1.6 mW при оптимални оптоварувања од 106 kΩ и 37.7 kΩ, за фреквенции од 7.5 Hz и 52.5 Hz, соодветно. Електромагнетниот претворувач испорача до 1 mW и 5 mW за фреквенција 7.5 Hz и 46 Hz. Хибридниот систем, кој комбинира пиезоелектричен и електромагнетен претворувач, постигна максимална излезна моќноста од 1 mW и 5.1 mW за фреквенции од 7.5 Hz и 46 Hz. Добиените резултати потврдуваат дека предложениот хибриден систем обезбедува повисока ефикасност и поголема издржливост во споредба со поединечни претворувачи, што го прави погоден за напојување на автономни сензорски јазли во IoT апликации и други нискоенергетски електронски системи.
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    Energy modeling as a tool for energy development - Analysis of the Macedonian energy system
    (Здружение на енергетичарите на Македонија, 2022-09)
    Lazova, Elena
    ;
    In order to achieve a carbon-neutral and sustainable future, energy system modelling is one of the key tools for obtaining relevant indicators, based on which conclusions and recommendations are made. Energy modelling is developed over the second half of the twentieth century and yet there are a lot of challenges when implementing an effective energy transition plan. In this paper the software package EnergyPlan is applied for energy system modelling and the input parameters are used from the Macedonian energy system. In the model for the Macedonian energy system, several scenarios are analyzed in order to assess the potential for integration of renewable energy sources. As an evaluation parameter, the indicator Levelized Cost of Electricity was used.
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    Ергономија во насока на превенција од мускулоскелетни нарушувања
    (Здружение на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје, 2020-10)
    Трајче Велковски
    ;
    Јасмина Чалоска
    Европската агенција за безбедност и здравје при работа (EU-OSHA) како дел од својата мисија спроведе серија кампањи насочени кон подобрување на работните места и намалување на ризиците по безбедноста и здравјето. Две од претходните кампањи на EU-OSHA се фокусираа на мускулоскелетни нарушувања (МСН), вклучително и првата кампања во 2000 година, под мотото „Свртете им го грбот на мускулоскелетните нарушувања“. Оваа прва кампања имаше посебен фокус на ефективното управување со ризиците од МСН, и ги вклучи сите земји-членки на ЕУ и земјите на EFTA. Втората кампања „Намалете го оптоварувањето“, во 2007 година се обиде да поттикне интегриран пристап на управување со овој проблем, нагласувајќи ја идејата дека засегнатите страни треба да работат заедно за да се справат со МСН. Покрај континуитетот во обезбедување материјали за поддршка во врска со намалувањето на ризикот, оваа втора кампања ја истакнува и важноста на управување со задржувањето, рехабилитацијата и враќањето на работата на оние кои страдаат или страдале од МСН. „Намалете го оптоварувањето“ е основната тема за Европската кампања на EU-OSHA во 2007 година која е целосно посветена на МСН. Преку двете кампањи EU-OSHA се обидува да ги поддржи сите засегнати страни во земјите-членки преку подготовка и дистрибуција на материјали за кампањата користејќи широк спектар на медиуми и пристапи. Дополнително сите земји од Европската унија кои сакаат да се вклучат во кампањата преку организација на настани и приклучување кон иницијативата на EU OSHA имаат отворена соработка и целосна поддршка.