Faculty of Mechanical Engineering

Permanent URI for this communityhttps://repository.ukim.mk/handle/20.500.12188/13

Browse

Search Results

Now showing 1 - 2 of 2
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА НИВОТО НА ИЗЛОЖЕНОСТ НА БУЧАВА СО КОРИСТЕЊЕ НА SKOPJE.PULSE ПЛАТФОРМАТА
    (OSH Priority, 2019-10)
    Maja Anachkova
    ;
    Simona Domazetovska
    ;
    Marija Hadzi-Nikolova
    Интензивната глобализација, драстичното зголемување на популацијата и промените во инфраструктурата во големите градови, во последните неколку години предизвикуваат голем број на еколошки проблеми и негативни промени во животната средина. Еден од најзагрижувачките проблеми кои се јавуваат во пренаселените и сообраќајно фреквентни метрополи е проблемот со зголеменото ниво на бучава кое во голема мера може да влијае врз здравјето на луѓето. Во град Скопје, нема воспоставено државна мрежа за континуиран мониторинг на нивото на бучава, oсвен неколку краткотрајни мерења спроведени од страна на државните институции. Во овој труд е презентирано решение за одржлив развој и мониторинг на бучавата во градот Скопје креирано и спроведено од софтверската компанија Netcetera, со цел 24-часовно следење на состојбата на нивото на бучава на повеќе мерни места во градот. Овој концепт се базира на принципот на „Интернет на нештата“, кој преку сензорска мрежа, Wi-Fi и LoRaWAN комуникациите собира податоци за нивото на бучава кои потоа се визуелизираат и следат онлајн на платформа наречена Скопје Пулс. Во трудот е даден преглед на слични софтверски решенија и начини за собирање податоци и следење на нивото на бучава од кои беа извлечени искуства за развој на Скопје Пулс, к ако и детално објаснување на платформата, сензорската мрежа и начинот на комуникација изразен и објаснет преку концептот на „Интернет на нештата“ кој беше искористен за развој на ова решение. Прикажани се и податоците добиени од сензорската мрежа за секој ден и час во текот на 2018 година, како и нивна анализа од која беа воочени критичните и најоптеретените месеци, денови и часови со зголемено ниво на бучава во градот Скопје.
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    Анализа за влијанието на бучавата во урбани средини
    (OSH Priority, 2019-10)
    Simona Domazetovska
    ;
    Maja Anachkova
    ;
    Marija Hadzi-Nikolova
    ;
    Dejan Mirakovski
    ;
    Viktor Gavriloski
    здравствени проблеми во урбаните средини, поради што неминовно се наметнува потребата од превземање на ефикасни мерки за намалување на нивото на бучава и заштита на здравјето на населението. Еден од основните здравствени проблеми кои ги предизвикува бучавата е вознемиреноста што доведува до нарушување на квалитетот на живеење. Скопје како голема урбана средина (агломерација) се соочува со сериозни проблеми предизвикани од бучавата во животната средина која е причина за разни здравствени проблеми. Ова истражување ја прикажува методологијата применета за анализа на влијанијето на бучавата во населбата Дебар Маало. Дебар Маало е населба во центарот на градот, опкружена со четири главни улици со голема фреквенција на сообраќај и луѓе. Во ова подрачје е спроведена анкета на 93 испитаници, кои живеат, работат или се посетители во населбата. Резултатите покажуваат дека бучавата има штетно влијание врз населението, поради што мора да се превземат мерки за намалување на нивото на бучава во урбаните средини. Оваа студија е основа за понатамошно истражување на штетните влијанија предизвикани од бучавата и изнаоѓање на мерки за нивно спречување и намалување.