Iustinianus Primus Faculty of Law

Permanent URI for this communityhttps://repository.ukim.mk/handle/20.500.12188/22

Browse

Search Results

Now showing 1 - 3 of 3
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    Обезбедување на ’антиципативен’ влез на правото на Европската Заедница – обврска или дискреција на судиите од државите-кандидати за членство во Унијата?
    (Правен факултет „Јустинијан Први“ - Скопје, 2009)
    Cenevska, Ilina
    Правилната примена на правото на Европската Заедница е суштински предуслов за членство во Унијата, но она што од друга страна е интересно да се опсервира е една правна ситуација која неретко во претпристапниот период е присутна во внатрешното право на државите-кандидати за членство во Унијата. Евидентно е, кога ќе се погледне во претпристапната судска пракса како на уставните така и на обичните судови на голем дел од поранешните држави кандидати за членство денес полноправни членки на Унијата, дека тие, носејќи про-европски пресуди со про-интеграциска аргументација, му дадоа одреден индиректен ефект на правото на ЕЗ во нивните национални правни поредоци. Процесот на хармонизација е доста специфичен процес, меѓу другото, од причина што не може секогаш реско и егзактно да се разграничи кога тој (суштински, не формално-правно) почнува да тече. Дали тој отпочнува со започнувањето на преговорите за потпишување на договорот за асоцијација, дали можеби со самото негово потпишување, или пак со стекнувањето на статусот кандидат за прием во членство? Хармонизацијата не би смеела en bloc да се смета за завршена во моментот кога една држава ќе биде примена во членство бидејќи обврската за претпристапно хармонизирање на националното право која претходно постоела со стапувањето во членство добива поинакво име и зазема поинакви димензии, но во суштина станува збор за истиот, континуиран процес кој логички се надоврзува на процесот кој претпристапно се одвивал. Република Македонија како држава-кандидат за прием во членство во Европската Унија во моментов минува низ споменатиот процес на хармонизација и сите придружни политичко-правни процеси кои тој ги подразбира. Оттаму, можноста македонските судови во одредени случаи да дадат толкување на домашните правни акти на начин конзистентен со правото на Заедницата е сосема веројатна, но и посакувана околност во контекст на нејзините аспирации во блиска иднина да му пристапи на европското семејство.
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    Eдна супрематија (на правото на ЕЗ) за сите, или пак секому неговата супрематија?
    (Правен факултет „Јустинијан Први“ - Скопје, 2008)
    Cenevska, Ilina
    Супрематијата на правото на ЕУ во однос на националното право е далеку од прашање кое е толку базично и суштествено што би било излишно по него да се дискутира. Фактот дека супрематијата претставува еден од камен-темелниците на европската правна архитектура не го прави овој концепт помалку имун на оспорување во практиката. Оттаму, дали воопшто можеме да ја наречеме супрематијата правен концепт per se, независен од егзистентните политички, социјални и економски околности во Унијата и во државите-членки кои го применуваат? Дали на супрематијата треба да се гледа како на придобивка на ‘старите’ држави членки на Унијата која ‘новите’ држави членки треба како таква едноставно да ја инкорпорираат во своите правни поредоци? Дали патот до супрематијата кој старите држави-членки веќе одамна го трасираа е и единствениот пат до неа, односно дали може да се зборува за своевидно монополизирање на овој концепт од нивна страна? Можеби би било поверодостојно да се сфати супрематијата како процес, а не како конечен резултат кој новите држави членки кои за првпат се среќаваат со овој правен феномен треба автоматски да го инкорпорираат како готово решение во нивните правни поредоци. Сепак, убавината на супрематијата е можеби во тоа што, глобално гледано, таа е повеќе патување, отколку само конечна дестинација.
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,