Iustinianus Primus Faculty of Law

Permanent URI for this communityhttps://repository.ukim.mk/handle/20.500.12188/22

Browse

Search Results

Now showing 1 - 1 of 1
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    Децентрализацијата и локалните економски реформи во државите на Југоисточна Европа
    (2015-09-16)
    Aleksandra Maksimovska
    ;
    Aleksandar Stojkov
    Во 2015 година регионот веќе чекори во т.н. пост-децентрализациска деценија, имајќи ги предвид севкупните административни, политички, јавно-финансиски и социјални димензии. Во овој период се забележува тренд на намалување на брзината на децентрализациските процеси, првенствено како последица на претходниот секавично брз наплив на широк опсег на реформи. Истовремено, искуствата во многу држави од регионот укажуваат на позитивна корелација со локалниот и националниот економски развој. Оттука, се наметнуваат повеќе круцијални прашања: со каква динамика да се превземаат чекорите за довршување на започнатите реформи; дали овие процеси носат нови предизвици поврзани со поголема поделба по економски и/или етнички основи. Трудот има за цел да даде нови видувања на целокупната состојба, преку анализа на причините кои ја предизвикаа децентрализацијата во Југоисточна Европа, елаборација на спроведената децентрализациска реформа и користите од новиот систем на локално (финансиско) управување и формулирање на препораки за иднината на децентрализацијата во контекст на економски развојот во регионот на Југоисточна Европа. Во географски контекст, трудот се фокусира на следните држави: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Македонија, Словенија, Србија, Хрватска, Турција и Црна Гора.