Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/9930
Наслов: | КВАНТИТАТИВНО ОДРЕДУВАЊЕ НА КАЛПРОТЕКТИН ВО АСЦИТ КАЈ ПАЦИЕНТИ СО СПОНТАН БАКТЕРИСКИ ПЕРИТОНИТИС ПРЕД И ПО АНТИБИОТКСИОТ ТРЕТМАН | Authors: | Личоска-Јосифовиќ, Фана Трајковска, Мери Гривчева-Старделова, Калина Чалоска-Иванова, Викторија Димитрова-Генадиева, Магдалена Тодоровска, Бети Аврамоски, Владимир Пипонска, Магдалена Јоксимовиќ, Ненад |
Keywords: | калпротектин спонтан бактериски перитонитис (СБП) црнодробна цироза |
Issue Date: | 2019 | Publisher: | SHMSHM / AAMD | Journal: | MEDICUS | Abstract: | Вовед. Спонтаниот бактериски перитонитис (СБП) кај пациентите со црнодробна цироза е новонастаната,спонтана бактериска инфекција на стерилна асцитна течност, во отсуство на интраабдоминални извори на инфекција или малигнитет. Најсензитивен показател за поставување на дијагнозата е кога бројот на полиморфонуклерани клетки (ПМНК) е ≥250 во 1 мл асцитна течност (рачното микроскопско или автоматизирано пребројување) и/или кога во микробиолошката култура биде изолиран еден бактериски вид. Цели Целите на нашата пилот студија беше да се одреди концентрацијата на калпротектин во асцит кај пациентите со СБП и не-СБП со BÜHLMANN Quantum Blue®Reader, дали има сигнификантна разлика меѓу просечните вредности на Turcotte-Pugh II и MELD скорот кај пациентите со СБП и не-СБП и да се одреди концентрацијата на калпротектин кај пациенти со СБП пред и по антибиотскиот третман. Материјали и методи. Во оваа проспективно-аналитичко-опсерваториска пилот студија беа вклучени 30 пациенти со црнодробна цироза и асцит, поделени во две групи, СБП и не-СБП. Квантитативното мерење на калпротектин во асцит се вршеше со тестот Quantum Blue Calprotectin Ascites (LF-ASC25). Собраните податоци се обработија со помош на статистичкиот програм SPSS 23 за Windows. Резултати и дискусија: Во нашата студија просечната вредност на калпротектин кај пациенти со СБП беше 1.4 μg/mL Најниската вредност на калпротектин во испитуваната група беше регистрирана кај еден пациент со вредност од 0.61 μg/mL, додека највисока вредност од 1.81μg/mL кај четири пациенти. Резултатите покажаа повисоки вредности на калпротектин во асцит кај пациенти со алкохолна болест на црниот дроб во споредба со останататите етиологии. Рефракторен асцит се регистрира кај 60,0% од испитаниците а само кај еден пациент (6,7%) се регистрира klepsiella pneumonie во микробиолошката анализа на асцитот. Нодамна објавентие студии презентираа слични вредности на калпротектин во асцит како и нашата студија. Според Child-Turcotte-PughII класификација сите пациенти од испитуваната група беа класа C, додека просечната вредност на MELD скорот изнесуваше 23,9±6,2. Контролниот број на ПМНК кај сите испитаниците во испитуваната група беше < 200 во 1 мл асцитна течност, додека просечната вредност на клапротектин во асцтот беше 0.69μg / mL и укажа на добар одговор на иницијалниот антибиотски третман, со исклучок на четворица пациенти со концентрација на калпротектин во асцит поголема од 1,39 μg /l , и индиректно покажа дека најверојатно станува збор за лажно негативен број на ПМНК. Двајца пациенти со виско ниво на калпротектин во асцит и покрај конвенционалнитот третман за СБП настапи смртен исход во тек на двенеделна хоспитализација. Високото ниво на калпротектинво асцит по седудневен антибиотски третман е лош прогностички знак за двенеделно преживување. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/9930 | ISSN: | 1409-6366 |
Appears in Collections: | Faculty of Medicine: Journal Articles |
Files in This Item:
File | Опис | Size | Format | |
---|---|---|---|---|
httpsimjm.mk Calprotektin.pdf | 2.38 MB | Adobe PDF | View/Open |
Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.