Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/9918
Title: Истражувачките тенденции во образованието во мултикултурни средини во Република Македонија
Authors: Томевска Илиевска, Елизабета 
Симоновска Јаначковска, Е.
Садики, С.
Keywords: мултикултурно образование, проектни модели, безбедни училишта, медијација меѓу врсници, евалуациско истражување
Issue Date: 2016
Publisher: Универзитет Гоце Делчев, Штип
Source: Томевска-Илиевска, Е., Симоновска Јаначковска, Е. и Садики, С. (2016) 'Истражувачките тенденции во образованието во мултикултурни средини во Република Македонија', Образованието во XXI век - состојби и перспективи -, стр. 15-22.
Conference: Education in the XXI Century – Conditions and Perspectives
Abstract: Истражувачкиот интерес на овој труд е во насока да одговори на многу прашања, кои, од една страна, се однесуваат на потребата за концепциско зајакнување на релевантните чинители во сферата на образованието во Р. Македонија за негување на подобри меѓуетнички односи преку образованието, а од друга страна, пак, понудуваат можни решенија во процесот на создавање безбедна средина во училиштата. Целта на истражувањето е проценување на концепциската поставеност и ефикасноста на проектите „Безбедни училишта“ и „Медијација меѓу врсници“, како модели за промовирање на превенција и интервенција на училишното насилство и нивното влијание врз зајакнување на меѓуетничките односи во одбрана група на средни училишта од шест мултиетнички општини во Република Македонија и во обезбедување безбедна училишна средина. Проучувањето на проблемот се врши со евалуациско истражување. Суштината на ваквиот начин на истражување се базира на потребата од анализа на концепциската поставеност на проектните модели и содржинска анализа на релевантната проектна документација. Од таа причина се наведува дека истражувањето добива и карактеристики на теоретско истражување. Заради сложената и мултиплицирана поставеност на истражуваната проблематика, приоритетно значење имаат ставовите и потребите на сите релевантни вклучени страни во процесот. Ова оди во прилог на констатацијата дека истражувањето има и емпириски карактер. Со истражувањето се претпоставува дека концепциската поставеност на проектите „Безбедни училишта“ и „Медијација меѓу врсници“, како модели за промовирање на превенција и интервенција на училишното насилство, позитивно влијаат врз зајакнување на меѓуетничките односи во средни училишта и во обезбедување безбедна училишна средина во средни училишта од шест мултиетнички општини во земјава.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/9918
ISBN: 978-608-244-275-4
Appears in Collections:Faculty of Philosophy 05: Conference papers / Трудови од научни конференции

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
1396-Article Text-2709-1-10-20160603.pdf989.56 kBAdobe PDFView/Open
Show full item record

Page view(s)

119
checked on Apr 24, 2024

Download(s)

51
checked on Apr 24, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.