Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/9821
Наслов: Учењето за боговите во онтологијата на Нумениј
Authors: Тодоровска, Марија 
Keywords: Нумениј, прв (втор, трет) бог, демиург, материја, постоење
Issue Date: 2020
Publisher: Филозофски факултет, Скопје
Source: Тодоровска, М., „Учењето за боговите во онтологијата на Нумениј“, Годишен зборник на Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирили и Методиј во Скопје, кн. 73, Скопје, 2020, 33-46.
Journal: Годишен зборник на Филозофскиот факултет во Скопје
Abstract: Во текстот се разгледани ставовите на Нумениј за статусот на двата, односно трите бога, во неговиот онтолошки систем. Во релација со изворното учење за трите бога накратко е споменат проблемот на неговата теориска инклинација кон Истокот, особено кон јудаизмот. Наведени се главните поенти од онтолошката заднина на поставувањето и карактеристиките на боговите – со поставувањето на Бог и Материјата, претпоставената хиерархизација на божественото според функциите, и статусот на демиургискиот принцип. Затоа, односот меѓу Првиот Бог и Вториот Бог, и можната поделеност на Првиот, или, поверојатно, Вториот Бог во два бога се разгледани низ соодветните примери од сочуваните фрагменти од делата на Нумениј. Покажана е дистинкцијата меѓу Првиот Бог, едноставен, самотен и фокусиран на себеси, и Бог кој е поделен на Втор и Трет Бог, односно космосот како производ на Вториот Бог. Идеите за поделеноста на Бог од страна на Материјата се накратко изложени, како и идеите за еквиваленцијата на Врховниот (Првиот) Бог со Доброто, и примањето на добрината од страна на Демиургот. Разгледани се тврдењата според кои може да се смета дека Првиот Бог, принципот на постоењето, владее со (сферата на) битието, а Вториот Бог, пак, со подрачјето на настанувањето. Површно се разгледани разлозите за сложеноста на теолошката концепција на Нумениј, и начините според кои конфузијата би можела да биде надмината.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/9821
Appears in Collections:Faculty of Philosophy 04: Journal Articles / Статии во научни списанија

Files in This Item:
File Опис SizeFormat 
04 32a Ucenjeto za bogovite vo ontologijata na Numenij_GZ FZF 20_todorovska_MK verzija.pdf379.28 kBAdobe PDFView/Open
Прикажи целосна запис

Page view(s)

91
checked on 6.5.2024

Download(s)

31
checked on 6.5.2024

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.