Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/9518
Наслов: Традиционални точки на врзувањето кај вондоговорната одговорност за штета
Authors: Дескоски Тони
Доковски Вангел
Keywords: вондоговорна одговорност, lex loci delicti commissi, lex loci damni, најтесна врска, вообичаено престојувалиште
Issue Date: 2016
Publisher: Iustinianus Primus Law Faculty in Skopje
Journal: Годишник на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, во чест на проф. д-р Петар Манговски, Том 55
Abstract: Во оној момент кога вондоговорниот однос ќе ги надмине границите на една држава и истиот во себе ќе вклучи странски елемент, пред истиот да биде мериторно регулиран, потребно е да се определи меродавното материјално право според кое токму тој однос ќе биде мериторно регулиран. За разлика од непосредниот метод кој се користи во облигационото право (како и во секоја друга гранка на внатрешното, супстанцијално право), според кој правата и обврските на страните веднаш се регулираат, при определувањето на меродавното право се користат специфични норми кои се познати под називот – колизиони норми. Токму колизионите норми се единствено карактеристични за меѓународното приватно право, како единствена гранка на позитивното право која за свој централен предмет на изучување го има определувањето на меродавното право (решавање на судирот на законите). Во овој текст авторите вршат анализа на традиционалните точки на врзувањето кај вондоговорната одговорност за штета преку давање на целосен преглед на основните начела на меѓународното приватно право: правната сигурност и најтесната врска. Основната хипотеза која ја испитуваат авторите е дека развојот на општествените односи влијае во промената на сфаќањата во делот на меѓународното приватно право со кој се регулира судирот на законите за самата цел и улога на точките на врзувањето. Исто така, авторите вршат и анализа на разликите помеѓу државите кои припаѓаат на европскиот континентален правен систем од една страна и државите со англосаксонска правна традиција, во однос на нивните сфаќања за основите на класичните точки на врзувањето кај вондоговорната одговорност за штета.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/9518
Appears in Collections:Faculty of Law: Journal Articles

Прикажи целосна запис

Page view(s)

138
checked on 2.5.2024

Download(s)

283
checked on 2.5.2024

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.