Please use this identifier to cite or link to this item:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/9518
Title: | Традиционални точки на врзувањето кај вондоговорната одговорност за штета | Authors: | Дескоски Тони Доковски Вангел |
Keywords: | вондоговорна одговорност, lex loci delicti commissi, lex loci damni, најтесна врска, вообичаено престојувалиште | Issue Date: | 2016 | Publisher: | Iustinianus Primus Law Faculty in Skopje | Journal: | Годишник на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, во чест на проф. д-р Петар Манговски, Том 55 | Abstract: | Во оној момент кога вондоговорниот однос ќе ги надмине границите на една држава и истиот во себе ќе вклучи странски елемент, пред истиот да биде мериторно регулиран, потребно е да се определи меродавното материјално право според кое токму тој однос ќе биде мериторно регулиран. За разлика од непосредниот метод кој се користи во облигационото право (како и во секоја друга гранка на внатрешното, супстанцијално право), според кој правата и обврските на страните веднаш се регулираат, при определувањето на меродавното право се користат специфични норми кои се познати под називот – колизиони норми. Токму колизионите норми се единствено карактеристични за меѓународното приватно право, како единствена гранка на позитивното право која за свој централен предмет на изучување го има определувањето на меродавното право (решавање на судирот на законите). Во овој текст авторите вршат анализа на традиционалните точки на врзувањето кај вондоговорната одговорност за штета преку давање на целосен преглед на основните начела на меѓународното приватно право: правната сигурност и најтесната врска. Основната хипотеза која ја испитуваат авторите е дека развојот на општествените односи влијае во промената на сфаќањата во делот на меѓународното приватно право со кој се регулира судирот на законите за самата цел и улога на точките на врзувањето. Исто така, авторите вршат и анализа на разликите помеѓу државите кои припаѓаат на европскиот континентален правен систем од една страна и државите со англосаксонска правна традиција, во однос на нивните сфаќања за основите на класичните точки на врзувањето кај вондоговорната одговорност за штета. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/9518 |
Appears in Collections: | Faculty of Law: Journal Articles |
Files in This Item:
File | Description | Size | Format | |
---|---|---|---|---|
Традиционални точки на врзувањето кај вондоговорната одговорност за штета.pdf | 2.74 MB | Adobe PDF | View/Open |
Page view(s)
156
checked on Feb 17, 2025
Download(s)
333
checked on Feb 17, 2025
Google ScholarTM
Check
Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.