Please use this identifier to cite or link to this item:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/9308
Title: | ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА КАКО ПРАВЕН ПРЕДИЗВИК – СКИЦА НА КРИТИЧКИ РАЗМИСЛУВАЊА | Authors: | Спасов, Александар Љ. | Keywords: | Вонредна состојба, правен поредок, човекови права и слободи | Issue Date: | Jun-2020 | Publisher: | Правен факултет „Јустинијан Први“, УКИМ | Journal: | Зборник на трудови „ПРАВНО-ПОЛИТИЧКИ И ЕКОНОМСКИ ДИСКУРС ВО ВРЕМЕ НА COVID-19“ | Conference: | On-Line Академска работна маса „ПРАВНО-ПОЛИТИЧКИ И ЕКОНОМСКИ ДИСКУРС ВО ВРЕМЕ НА COVID-19“ | Abstract: | Констатацијата на контроверзниот германски теоритичар на државата и правото Карл Шмит дека „суверен е оној кој одлучува за состојба на исклучок“ во неговата „Политичка теологија“ од 1922 година е, веројатно, најпрецизното (и најмалициозното) посочување кон најголемиот предизвик за едно демократско правно и политичко устројство: имено, состојбите на исклучок (вонредната и воената состојба) се карактеризираат со управување (владеење) по пат на декрети. Декретите се директна негација на системот на поделба на власта, како и на рамнотежата и меѓусебната контрола на различните гранки на јавната власт (пред сè, на законодавната и на извршната власт). Нашата држава од 18.3.о.г. се наоѓа во вонредна состојба. Вонредната состојба беше „утврдена“, односно прогласена од страна на Претседателот на Републиката бидејќи претседателот на Собранието го информираше Претседателот на државата дека Собранието не е во можност да одржи седница и да одлучува по предлогот на Владата на РСМ, поради претходно донесената одлука за распуштање на Собранието. По истекот на триесетте дена за кои беше утврдено постоење на вонредна состојба, Претседателот, бидејќи немаше уставен основ за продолжување на вонредната состојба, одлучувајќи по нов предлог на Владата, донесе нова одлука за утврдување на постоење на вонредна состојба за период од 30 дена. Оваа скица на анализа има за цел критички да се осврне на неколку практични правни предизвици, меѓу многуте други, кои се јавија во текот на постоењето на вонредната состојба. Иако се работи за практични дилеми, тие, според мислењето на авторот, мора да бидат основа за широка доктринарна дискусија, а од таа дискусија треба да произлезат практични правни решенија. Во таа насока, се анализира правната уреденост на вонредната состојба, односот меѓу вонредната состојба и системот на управување со кризи (кризниот менаџмент) и ограничувањето на човековите права и слободи како последици на вонредната состојба. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/9308 |
Appears in Collections: | Faculty of Law: Journal Articles |
Files in This Item:
File | Description | Size | Format | |
---|---|---|---|---|
зборник-на-трудови-онлајн-академска-дебата.pdf | 775.16 kB | Adobe PDF | View/Open |
Page view(s)
152
checked on Mar 23, 2025
Download(s)
57
checked on Mar 23, 2025
Google ScholarTM
Check
Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.