Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/879
Title: Разлики во депресивност, социјална поддршка и локус на контрола меѓу мајки на деца со и без аутизам и со други развојни нарушувања
Other Titles: Mihailovska A. (2016). Differences in Depression, Social Support and Locus of Control Among Mothers of Children with and without Autism and other Developmental Disorders. Master thesis. Skopje: Faculty of Philosophy.
Authors: Михаиловска, Андријана
Keywords: аутистичен спектар на нарушување, други развојни нарушувања, депресивност, социјална поддршка, локус на контрола, аутистична симптоматологија
Issue Date: 2016
Publisher: Faculty of Philosophy, UKIM, Skopje, Macedonia
Source: Михаиловска, А. (2016). Разлики во депресивност, социјална поддршка и локус на контрола меѓу мајки на деца со и без аутизам и со други развојни нарушувања. Магистерски труд. Скопје: Филозофски факултет
Abstract: Вовед: Бројот на лица со дијагностициран аутистичен спектар на нарушување се повеќе расте. За успешен третман и подобар исход кај овие лица потребена е и добра поддршка и благосостојба кај нивните родители. Истражувањата покажуваат дека социјалната поддршка има огромна улога во одредувањето на степенот на депресивност кај овие мајки. Секако локусот на контрола е личносна особина која во голем степен може да го одредува степенот на депресивност. Истражувањата покажуваат потврадни податоци и за оваа варијабла. Исто така истражувањата покажуваат дека степенот на изразеност на аутистичната симптоматологија го зголемува степенот на депресивност кај мајките. Цел: Целта на ова истражување е да се утвради степенот на депресивност, социјална поддршка и локус на контрола кај мајки на деца со аутистичен спектар на нарушување, мајки на деца со други развојни нарушувања и мајки на деца со типичен развој. Споредба и утврадување на разлики помеѓу мајките за овие варијабли и дали изразеноста на аутистичната симптоматологија прави разлика во степенот на депресивност кај мајките. Методи: Во истражувањето беа замени три пригодни примероци на мајки на деца со аутистичен спектар на нарушување (N=40), мајки на деца со други развојни нарушувања (N=40), и мајки на деца со типичен развој (N=40). Податоците беа обработени во SPSS 21 и за анализа на собраните податоци беа користени t-тестот за значајност на разлики за големи и независни примероци и едноставна еднонасочна АНОВА (F-тест). За статистички значајна разлика беше земена p<0,05. Истражувањето на терен траеше од јуни 2015 до крајот на октмври 2015. Резултати: Резултатите покажаа дека: мајките на деца со аутизам кои перцепираат поголема социјална поддршка не се разликуваат статистички значајно во степенот на депресивност од мајките кои перцепираат помала социјална поддршка (t=-0,904 p=0,37). Мајките на деца со аутизам кои имаат внатрешен локус на контрола имаат значајно понизок степен на депресивност од мајките на деца со аутизам кои имаат надворешен локус на контрола (t=-2,72 p=0,01). Мајките на деца со аутизам со поизразена симптоматологија имаат статистички значајно повисок степен на депресивност од мајките на деца со аутизам со помалку изразена симптоматологија (t=2,75 p=0,009). Мајките на деца со аутизам имаат статистички значајно повиско степен на депресивност од мајките на деца со други развојни нарушувања и од мајките на деца со типичен развој (F=4,52 p=0,013). Односно post hoc анализата покажа дека: мајките на децата со аутизам имаат значајно повисок степен на депресивност од мајките на типичните деца (p = 0,009); не постои статистички значајна разлика во степенот на депресивност помеѓу мајките на типичните деца и мајките на децата со други развојни нарушувања (p = 0,18) и дека не постои статистички значајна разлика во степенот на депресивност помеѓу мајките на децата со аутизам и мајките на децата со други развојни нарушувања (p = 0,43). Не постои статистички значајна разлика во перцепираната социјална поддршка меѓу мајките на деца со аутизам, мајките на деца со други развојни нарушувања и мајките на деца со типичен развој (F=1,37 p=0,25). Не постои статистички значајна разлика во локусот на контрола помеѓу мајките на деца со аутизам, мајките на деца со други развојни нарушувања и мајките на деца со типичен развој (F=1,77 p=0,17). Заклучок: Од истражувањето може да се заклучи дека мајките на деца со аутизам, мајките на деца со други развојни нарушувања и мајките на деца со типичен развој не се разликуваат статистички значајно во перцепираната социјална поддршка и локусот на контрола. Мајките на децата со аутизам имаат значајно повисок степен на депресивност од мајките на типичните деца. Исто така мајките на деца со аутизам кои имаат внатрешен локус на контрола имаат значајно понизок степен на депресивност од мајките на деца со аутизам кои имаат надворешен локус на контрола. И мајките на деца со аутизам со поизразена симптоматологија имаат статистички значајно повисок степен на депресивност од мајките на деца со аутизам со помалку изразена симптоматологија. Во иднина потребно е да се прошират сличните истражувања, како и да се преземата практични мерки за поддршка на овие родители и нивните деца за подобро секојдневно функционирање.
Description: Андријана Михаиловска го одбрани својот магистерски труд на Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет во Скопје на 24.06.2018 година. Комисија: 1. Проф. д-р Владимир Трајковски, 2. Проф. д-р Зоран Киткањ, 3. Проф. д-р Ана Фрицханд
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/879
Appears in Collections:Faculty of Philosophy 07: MA Theses / Магистерски тези

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
Andrijana Mihailovska-magisterska.pdf1.13 MBAdobe PDFThumbnail
View/Open
Show full item record

Page view(s)

197
checked on Mar 28, 2024

Download(s)

356
checked on Mar 28, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.