Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/876
Title: Сексуална едукација на лица со аутистичен спектар на нарушувања – примена на техниката Социјални приказни
Other Titles: Sexual education for persons with autism spectrum disorders – implementation of the technique Social Stories
Authors: Станкова, Тања
Keywords: сексуалност, сексуална едукација, лица со аутистичен спектар на нарушувања, социјални приказни
Issue Date: 2018
Publisher: Faculty of Philosophy, UKIM, Skopje, Macedonia
Source: Станкова T. Сексуална едукација на лица со аутистичен спектар на нарушувања – примена на техниката Социјални приказни. Магистерски труд, Филозофски факултет: Скопје, 2018, 1-227
Abstract: Вовед: Лицата со аутистичен спектар на нарушувања (АСН) пројавуваат нарушувања во социјалната интеракција и тоа во области, како што се иницирање на социјални врски или одржување на блиски и реципрочни врски. Една од причините за нарушувања во социјалната комуникација и интеракција се токму тешкотиите при разбирање на мислите, верувањата, намерите, желбите, чувствата и мотивацијата на другите, како и разбирање на гледиштата на другите, наместо само сопствените. Токму оваа неспособност или тешкотии при сфаќање на горенаведените ментални состојби, како и способноста тие информации да се интерпретираат со цел да се разбере и предвиди однесувањето на другите лица се дефинира како Теорија на умот. Сексуалноста се состои од видови на однесување придружени со физички, емоционални и социјални интеракции и воедно претставува важен аспект од здравиот развој и процесот на прилагодување на личноста низ различните развојни фази во животот. Недостатокот на социјални вештини кај лицата со аутистичен спектар на нарушувања е особено воочлив токму во областа на сексуалноста и интимните врски. Во таа насока од есенцијално значење е изготвување на програма која ќе понуди информации за сексуалноста, согласно индивидуалните и специфични потреби и карактеристики на лицата со АСН. Социјалните приказни, дизајнирани од страна на Carol Gray, ги адресираат токму недостатоците на Теорија на умот, преку претставување на перспективите на мислите, емоциите и однесувањето на другите луѓе, со примена на едноставен јазик, поддржан со визуелни стимули изработени според индивидуалните способности и знаење на лицата со АСН. Цел: Целта на оваа магистерска теза е да се изготват Социјални приказни, според критериумите на Carol Gray, за примена на сексуална едукација и следствено да се проценат ефектите од нивната примена при спроведување на сексуална едукација на лица со аутистичен спектар на нарушувања, односно да се утврди промената во знаењето и однесувањето на лицата со АСН во однос на сексуалноста. Методи: Во истражувањето се користи квалитативен методолошки пристап. Во однос на техниките се користи техниката интервјуирање и набљудување. Инструменти во истражувањето се: протокол за интервјуирање на родители, протокол за набљудување при спроведување на сексуална едукација на лицата со АСН и инвентарен тест за испитување на знаењата од областа на сексуалноста, пред спроведување и по завршување на сексуалната едукација. Резултати: Анализата покажува дека знаењата за сексуалноста кај испитаниците што учествуваа во сексуалната едукација, значително се подобриле меѓу првото и второто мерење. Најголеми промени беа забележани за темите кои ги обработуваат приватните и репродуктивните органи на телото; промените кои настануваат за време на пубертетот; идентификување на пријатни и непријатни допири; и сексуален однос и контрацепција. Заклучок: Истражувањето посочува позитивни ефекти од спроведување на сексуална едукација врз знаења и однесувањето на лицата со АСН за сексуалноста, преку примена на техниката Социјални приказни. Соодветно изготвените Социјални приказни овозможуваат усвојување на нови и проширување на претходно стекнатите знаења за сексуалноста, што следствено влијае на квалитетот на живот на лицата со АСН, во насока на негово подобрување.
Description: Тања Станкова го одбрани својот магистерски труд на Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет во Скопје на 12.11.2018 година. Комисија: 1. Проф. д-р Владимир Трајковски, 2. Проф. д-р Наташа Ангелоска Галевска, 3. Проф. д-р Зора Јачова
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/876
Appears in Collections:Faculty of Philosophy 07: MA Theses / Магистерски тези

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
Магистерски труд Т.Станкова.pdf8.17 MBAdobe PDFThumbnail
View/Open
Show full item record

Page view(s)

111
Last Week
0
Last month
2
checked on Mar 29, 2025

Download(s)

548
checked on Mar 29, 2025

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.