Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/875
Title: Имуногенетски анализи кај лица со аутизам во Република Македонија
Other Titles: Immunogenetic Analyses in Persons with Autism in the Repiblic of Macedonia
Authors: Трајковски, Владимир 
Issue Date: 2002
Publisher: Faculty of Philosophy, UKIM, Skopje, Macedonia
Source: Трајковски В. Имуногенетски анализи кај лица со аутизам во Република Македонија. Филозофски факултет, Скопје, 2002; докторска дисертација, 1-133
Abstract: Аутизмот претставува широк континуум на поврзани когнитивни и невробихејвиорални нарушувања, вклучувајќи три карактеристики: нарушувања во социјализацијата, нарушувања во вербалната и невербалната комуникација и рестриктивни и репетитивни шеми на однесување. Цели во оваа докторска дисертација се: анализирање на демографската структура на лицата со аутизам, креирање база на податоци за лицата со аутизам, ХЛА-ДНК типизација на лицата со аутизам и нивните семејства, одредување на нивото на имуноглобулински класи и поткласи во серумот и испитување на специфични алергични противтела. Во периодот од април 2000 до април 2002 година беа анализирани 39 лица со аутизам, од кои крв беше земена од 35 лица, и од 22 нивни браќа/сестри, 27 мајки, 23 татковци, како и од 98 здрави роднински неповрзани лица (контролна група). Истражувањето претставува ретроспективна студија. Во обработката на пациентите употребен е епидемиолошко-имунолошкиот метод на работа. Имуногенетските и имунолошките анализи беа организирани и спроведени во лабораториите на Институтот за имунобиологија и хумана генетика при Медицинскиот факултет во Скопје. Беше земена по 10 мл крв со помош на стандардна венепункција во вакутејнери со ЕДТА (К3), а во времето на земање на крвта ниту едно од лицата со аутизам не земаше лекови или антипсихотици. Плазма примероците беа одвоени со центрифугирање на крвта и замрзнати на -200C се додека не беа започнати анализите. ХЛА-ДНК типизацијата е направена со високо резолутивните техники: RLS (Reverese Line Strip) за класа I гените, и SBT (Sequencing-based Typing) за класа II гените. Серумските имуноглобулински класи и поткласи се определени имунонефелометриски на автоматизиран Dade-Behring Nephelometer Analyzer. Серумските специфични алергени од храната се определувани со автоматскиот имунофлуоресцентен апарат со цврста фаза Pharmacia UniCAP 100. Статистичката анализа е направена со: дескриптивно статистички мерки како што се средна вредност, медијана, стандардна девијација и проценти на структура. Разликите меѓу нумеричките варијабли се анализирани со Student-ов т-тест. Непараметриските тестови на Колмогоров-Смирнов, Mann-Whitney Kruskal-Wallis-овиот тест беа користени при асиметрична статистичка дистрибуција. Со анализа на добиените резултати се заклучи дека преваленцијата на аутизмот во РМ изнесува 0.25 лица на 10.000 жители и машкиот пол е 2.5 пати почесто застапен од женскиот. Болестите на мајката во тек на бременоста и патолошкиот тек на истата се ризик фактори за развој на синдромот (p = 0.04). Времетраењето на доењето и предвременото одбивање на мајчиното млеко се сигнификантно асоцирани со појавата на аутизмот (p < 0.01). Утврдено е дека повозрасните родители имаат поголема шанса да имаат дете со аутизам (p < 0.001). Имуногенетските анализи на лицата со аутизам покажаа дека ХЛА-Ц*03 (p=0.03) и ХЛА-ДРБ1*01 (p = 0.012) алелите се издвојуваат како асоцирачки фактори во појавата на аутизмот. Плазма концентрацијата на подкласата ИгГ4 имуноглобулини е сигнификантно покачена кај лицата со аутизам (p < 0.02). Плазма концентрацијата на ИгГ противтелата против алфа-лакталбуминот, бета-лактоглобулинот и казеинот е статистички значајно повисоко кај лицата со аутизам во однос на родителите (p < 0.001). Концентрација на ИгГ противтелата кон глијадинот кај лицата со аутизам беше статистички значајно повисока од таа на татковците и мајките (p < 0.04). Средната вредност на плазма концентрацијата на ИгА противтелата против бета лактглобулинот кај лицата со аутизам се покажа статистички значајно повисоко од нивните браќа и сестри (p < 0.05). Нивото на казеинските ИгА противтелата кај аутистичната група се покажа статистички значајно повисоко во однос на контролната група на татковци и мајки (p < 0.01) и браќа/сестри (p < 0.05). Нивото на специфични алергични ИгЕ противтела против казеинот и бета-лактоглобулинот во серумот на аутистичните пациенти беше сигнификантно повисоко отколку кај нивните браќа/сестри и нивните родители (p < 0.04). Титарот на вкупните ИгЕ противтела беше статистички значајно повисок кај лицата со аутизам за разлика од мајките (p<0.04), браќата и сестрите (p < 0.02). Детектирањето на асоцијацијата со двете ХЛА алели кај нашите лица со аутизам отвора нови димензии за натамошни истражувања во семејствата и евентуална примена на оваа методологија во генетскотото советување. Утврдените имунолошки и алерголошки нарушувања се само можност повеќе за спроведување на имунодијагностиката, имунотерапијата, како и започнување на третман со диета без алергенските продукти од храната во Република Македонија.
Description: Докторска дисертација одбранета на 11 декември 2002 на Филозофскиот факултет во Скопје, пред комисија во состав: 1. проф. д-р Мирко Спироски (ментор); 2. проф. д-р Драгослав Копачев; 3. проф. д-р Љупчо Ајдински; 4. проф. д-р Кристин Василевска; 5. проф. д-р Драган Нинковиќ (Белград).
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/875
Appears in Collections:Faculty of Philosophy 08: Dissertations preceding the Doctoral School / Дисертации пред Докторската школа
UKIM 01: Dissertations preceding the Doctoral School / Дисертации пред Докторската школа

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
Vladimir Trajkovski-doktorat-11.12.2002.pdf2.43 MBAdobe PDFThumbnail
View/Open
Show full item record

Page view(s)

345
Last Week
0
Last month
6
checked on Apr 25, 2024

Download(s)

544
checked on Apr 25, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.