Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/8635
Title: Морален развој, биоетика и нивната поврзаност при донесувањето морални одлуки во професиите насочени кон помагање
Authors: Фрицханд, Ана 
Keywords: морален развој, биоетика, донесување морални одлуки, професии насочени кон помагање
Issue Date: 2019
Publisher: Филозофски факултет
Source: Фрицханд, А. (2019). Морален развој, биоетика и нивната поврзаност при донесувањето морални одлуки во професиите насочени кон помагање. Годишен Зборник, 72, 183-191 УДК: 37.017:17 [364-43 Скопје: Филозофски факултет
Journal: Годишен зборник на Филозофскиот факултет
Abstract: Моралниот развој започнува рано во животот и бележи најзначаен напредок во детството и во адолесценцијата. Тој претставува важен домен на развојната психологија и психологијата на морал, а е во интеракција со други сродни научни дисциплини, како што е биоетиката. Биоетиката е посебно заинтересирана (но не ограничувајќи се) за моралните принципи и одлуки во контекст на медицинската пракса, политика и истражувања. Истражувањата покажуваат дека формалното и неформалното образование за биоетика се значајно поврзани со моралниот развој на децата и адолесцентите, бидејќи влијаат врз усвојувањето на моралните вредности, формирањето на идентитетот и системот на верувања, како и врз стимулирање на моралното расудување. Други примери може да се најдат во процесот на донесување морални одлуки кај професионалците од т.н. професии насочени кон помагање (пр. лекари, психолози, стоматолози итн.), каде што трансформацијата на морално расудување во морално однесување е секојдневно присутна. Се покажало дека апстрактното морално мислење не го објаснува најдобро моралното однесување на поединецот, поради што се разиени „посредните концепти“. Овој труд ја разгледува потребата од континуирано користење на знаењата од областа на моралниот развој и биоетиката, како и корисноста од нивната интеракција, со цел подобро да се разберат механизмите што лежат во процесот на донесување морални одлуки поврзани со реални морални дилеми.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/8635
ISSN: 0350-1892
Appears in Collections:Faculty of Philosophy 04: Journal Articles / Статии во научни списанија

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
Moralen razvoj, bioetika.pdf279.07 kBAdobe PDFThumbnail
View/Open
Show full item record

Page view(s)

419
checked on Apr 19, 2024

Download(s)

192
checked on Apr 19, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.