Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/7740
Title: Неменливите изрази во книжевниот превод од полски на македонски јазик
Authors: Танушевска, Лидија
Keywords: неменливи изрази, модуланти, терминологија, превод, еквиваленти
Issue Date: 2019
Publisher: Филолошки факултет „Блаже Конески“
Journal: Современа филологија 2 (2)
Abstract: Во овој труд се разгледуваат неменливите зборови и изрази како модифи­катори на значењето на текстот. Се служиме со полскиот термин модулант и класификацијата на модулантите според М. Гроховски, затоа што терминот е прифатен во полската наука за преводот како заеднички за единици од рамништето на текстот, чија категоријално-граматичка природа е разнородна: од традиционалните партикули, генетичките прилози, некои заменки, често­пати и предлози, па дури и до интенционални сврзници, како и цели јазични фрази. Анализата се заснова на примери од полски книжевни дела и нивните еквиваленти во македонскиот превод, односно на разликите во преводот врз основа на значенските нијанси што ги внесуваат модулантите. Тие се инте­ресни во поглед на преводот, бидејќи внесуваат нијанси во значењето на текстот, како на пример, логичка валоризација, модална оцена, вмешаноста на гово­рителот во содржината на текстот и сл. Јазичните еквиваленти не се секогаш функционално соодветни на дополнителните значенски нијанси, па затоа се појавуваат разлики во преводот. Тие разлики произлегуваат поне­ко­гаш поради употребата на функционално несоодветни еквиваленти, а поне­ко­гаш и поради испуштањето на овие „факултативни“ елементи, што се должи на погрешното традиционално лингвистичко сфаќање дека се небитни за текс­тот. Анализата има цел да го покаже токму спротивното, односно дека тие се важни за текстот и, особено, за преводот.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/7740
DOI: 10.37834/JCP 1920049t
Appears in Collections:Faculty of Philology: Journal Articles

Show full item record

Page view(s)

22
checked on May 17, 2024

Google ScholarTM

Check

Altmetric


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.