Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/7640
Наслов: Усогласување на терминологијата на Европската Унија преку Евровок
Authors: Саздовска Пигуловска, Милена
Keywords: терминологија, стандардизација, терминолошки бази на податоци, Евровок
Issue Date: 2018
Publisher: Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје
Проект: Годишен зборник на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, книга 43-44
Abstract: Дигиталните технологии имаат огромно влијание врз процесот на преведување, особено преку тоа што се менуваат конвенционалните начини и алатки за преведување и доаѓа до сè поголема примена на електронски, односно онлајн алатки. Тоа е особено видливо при истражување терминологија и тоа преку напуштање на класичните речници во печатена форма и зголемена примена на повеќејазични терминолошки бази на податоци кои се наоѓаат на интернет. Од друга страна, специјализираната комуникација во определена стручна област се одликува со голема динамичност што се одразува преку постојаното воведување нови термини за означување на современи концепти, наспроти излегувањето од употреба и застарување на други термини. Тоа е особено случај со Европската Унија, којашто претставува повеќејазична, но и мултикултурна средина. Оттука, преведувачите во ЕУ се соочуваат со предизвикот на стандардизација и примена на усогласени ресурси за терминологија. Предмет на истражување во овој труд е еден од начините за усогласување на терминологијата од областа на Европската Унија.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/7640
ISSN: 1409-8571
Appears in Collections:Faculty of Philology: Conference papers

Прикажи целосна запис

Page view(s)

74
checked on 1.5.2024

Download(s)

15
checked on 1.5.2024

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.