Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/7635
Наслов: МОДЕЛ НА ПАРЦИЈАЛНА РАМНОТЕЖА ЗА ЕКС- АНТЕ АНАЛИЗА НА ПАЗАРОТ НА ОДДЕЛНИ ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Authors: Котевска, Ана
Keywords: АГМЕМОД, модел на парцијална рамнотежа, земјоделска политика, млеко, месо, житарки
Issue Date: 2010
Publisher: Факултет за земјоделски науки и храна - Скопје
Abstract: Македонија во моментов се соочува со еден од најголемите предизвици од нејзиното осамостојување – а тоа е процесот на пристапување кон ЕУ. Поаѓајќи од мислата дека „предвидувањето на значајни економски настани е извор на моќ“ (Howitt, 2005) идејата на оваа дисертација е да се развие модел со кој ќе може да се направи екс-анте оцена на влијанието што пристапот кон ЕУ ќе го има врз одредени сегменти од македонското земјоделство, поконкретно пазарите за месо, млеко и житарки. Моделот е рекурзивен, динамичен, мултипроизводен модел на парцијална рамнотежа за пазарите на месо, млеко и житарки во Република Македонија. Изработен е следејќи ги главните принципи на АГМЕМОД моделирањето, прикажувајќи ги специфичностите на македонското земјоделство. Меѓусекторската споредба на базичното сценарио покажува најголем потенцијален развој за секторот на свинско месо, јагнешкото месо и кравјо млеко. Од друга страна, во сценаријата со ЕУ пристап, најпозитивно влијание се очекува кај екстензивните производства, производството на јагнешкото и говедското месо. Житарките покажуваат скромен раст на понудата во ЕУ сценаријата, но проекциите на нето-трговија покажуваат зголемување на увозната зависност за овие производи, резултат на нивната зголемена потрошувачка за добиточна исхрана. Најголемата придобивка доаѓа од повиското ниво на цени и поголемата буџетска поддршка, и споредено со искуствата од претходните проширувања моделот ги потврдува очекувањата за развојот на избраните сектори по пристапот во ЕУ.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/7635
Appears in Collections:Faculty of Agricultural Sciences and Food: PhD Theses

Files in This Item:
File Опис SizeFormat 
Disertacija - Ana Kotevska.pdf1.49 MBAdobe PDFThumbnail
View/Open
Прикажи целосна запис

Page view(s)

175
checked on 2.5.2024

Download(s)

107
checked on 2.5.2024

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.