Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/7590
Наслов: Употребата на метафори во научниот функционален стил (преку примери од научно-учебничкиот потстил)
Authors: Саздовска Пигуловска, Милена
Keywords: Метафора, терминолошка лексика, научен функционален стил
Issue Date: 2016
Publisher: Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје
Conference: Деветтиот научен собир на „Млади македонисти“
Abstract: Кај голем број автори преовладува ставот дека можноста за метафоризација на изразот не е присутна кај научниот функционален стил. Генерално се смета дека кај овој стил преовладува терминолошка лексика што служи за означување логички формулирани поими (Минова-Ѓуркова, 2003), а којашто се употребува со нејзиното основно значење со оглед на тоа што се одликува со еднозначност и неутралност. Главна цел на овој труд е да покаже дека употребата на определени стилски фигури (особено метафори) е карактеристична и за научниот функционален стил во кој и покрај терминолошката и професионалната лексика е присутен метафоричен и метонимиски начин на изразување. Поточно, врз основа на одбрани примери може да се покаже дека покрај основното значење, термините може да имаат и вторично значење што се добива со преосмислување, при што новите преосмислени значења на зборовите претставуваат преносни значења. За таа цел фокусот во трудот е насочен кон научно-учебничкиот потстил, односно анализата се врши врз современ корпус од книги и учебници од економско-финансиската област (кои се од странски и македонски автори) и од кои се издвојуваат многубројни примери за метафорично изразување и покрај апстрактноста и објективноста (Tošović, 2002).
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/7590
Appears in Collections:Faculty of Philology: Conference papers

Прикажи целосна запис

Page view(s)

102
checked on 2.5.2024

Download(s)

575
checked on 2.5.2024

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.