Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/7579
Наслов: Примена на дигитални технологии во наставата по преведување
Authors: Саздовска Пигуловска, Милена
Keywords: Настава по преведување, дигитална технологија, трансверзални компетенции за преведувачи
Issue Date: 2018
Publisher: Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје
Journal: Меѓународно списание „СОВРЕМЕНА ФИЛОЛОГИЈА“
Abstract: Како резултат на дигиталните иновации, покрај професионалните квалификации што ги стекнуваат студентите со завршување на студиите, неопходно е да поседуваат и низа други вештини, особено технички вештини со цел да бидат конкурентни на пазарот на труд. Во таа насока се јавува потреба од стекнување т.н. „дигитални компетенции“, односно способност за користење дигитални технологии и во областа на преведувањето. Преведувачката индустрија доживува трансформација во која дигиталните технологии заземаат сè поголема примена, па следствено на тоа се воведуваат новитети и промени и во наставата по преведување со напуштање на конвенционалните методи во наставата и пасивно учење и се преминува кон современи методи и интерактивно учење. Предмет на истражување во овој труд се способностите на студентите за примена на дигиталните технологии во процесот на преведување, при што се анализираат и нивните ставови околу неопходноста од дигитални компетенции за преведувачите. За целите на овој труд е спроведено анкетно истражување со кое се опфатени 26 студенти на студиската насока по преведување на Катедрата за преведување и толкување при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Преку заклучоците од истражувањето се укажува на различни можности и начини за унапредување на наставата по преведување со примена на дигитални технологии и остварување дигитална комуникација, а особено се истакнува потребата од дигитализација на ресурсите за учење и на практичната настава.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/7579
Appears in Collections:Faculty of Philology: Journal Articles

Прикажи целосна запис

Page view(s)

71
checked on 16.5.2024

Download(s)

47
checked on 16.5.2024

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.