Please use this identifier to cite or link to this item:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/7550
Title: | Референдумот во фокус – крајот на патот за пристапување на Македонија во ЕУ и во НАТО или само крајот на патот? | Authors: | Марковиќ, Ненад & Дамјановски, Иван | Keywords: | референдум, Македонија, ЕУ, НАТО, Преспа | Issue Date: | Sep-2018 | Publisher: | Фондација Отворено Општество Македонија | Series/Report no.: | Документи за јавни политики: поддршка на Република Македонија за интеграција во ЕУ и НАТО; | Abstract: | На 30 септември 2018 година македонските граѓани ќе гла- саат на референдум кој има одлучувачко влијание за идни- ната на Македонија. Имено, тие треба да одлучат дали при- фаќаат уставна промена на името на земјата во Република Северна Македонија, со што ќе се стави крај на долготрајниот спор за името со Грција и ќе се одблокира пристапување на земјата во НАТО и во Европската Унија (ЕУ). Референдумот е клучен момент што произлегува од потпишувањето на Договорот од Преспа од страна на македонската и грчката влада на 17 јуни 2018 година. Договорот и последователниот референдум за негово одобрување имаат разединувачки ефект врз македонското општество. Оние кои се против Договорот од Преспа ја обвинуваат Владата за капитула- ција пред грчките барања и изразуваат загриженост за негативното влијание што би го имала промената на името врз македонскиот идентитет. Од друга страна, поддржувачите на Договорот, што го поздравија голем број држави-членки на ЕУ и на НАТО, цврсто го ставаат усвојувањето на Договорот во рамките на наративот за ид- ните придобивки од пристапувањето во НАТО и во ЕУ, кое - поради улогата на Грција како „чувар на портите“ во обете организации - би било невозможно да се постигне без правење отстапки во однос на името на земјата. Овој документ за јавната политика ги анализира потенцијалните сценарија за влијанието на исходот на референдумот врз перспек- тивите на Македонија за пристапување во НАТО и во ЕУ. За секое од нив, овој документ ги анализира моменталните состојби и претход- ните развојни настани во земјата и се обидува да ги предвиди глав- ните предизвици од аспект на позитивниот и негативниот исход на претстојниот референдум. На крајот од секој дел, документот дава можни алтернативи и насоки за дејствување на Владата и на засег- натите страни во општеството. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/7550 |
Appears in Collections: | Faculty of Law: Journal Articles |
Files in This Item:
File | Description | Size | Format | |
---|---|---|---|---|
FOSM - Референдумот во фокус.pdf | 147.86 kB | Adobe PDF | ![]() View/Open |
Page view(s)
32
checked on Mar 29, 2025
Download(s)
26
checked on Mar 29, 2025
Google ScholarTM
Check
Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.