Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/7190
Наслов: Работен модел на процесот на рецепција на пораките во печатените медиуми
Authors: Serafimovska, Eleonora 
Markovikj, Marijana 
Keywords: процес на рецепција, медиумски пораки, мулти - димензионален модел на рецепција
Issue Date: 10-ное-2015
Publisher: MI-AN Publishing Centre for Culture and Cultural Studies
Journal: Култура/Culture
Series/Report no.: Vol 5 No 11 (2015);UDC 070.19:316.776.34
Conference: CCCS Conference 2015 “Identity and Culture”
Abstract: Kогнитивните процеси на членовите на медиумската публика кои се вклучени во примањето на пораки од медиумите се толку бескрајно сложени што понекогаш се чини дека тие не можат да бидат систематски анализирани. Како резултат на тоа, секој напор да се предложи општ (генерален) модел, кој успешно ќе се справува со дискурсите на публиката, се чини дека е осуден да биде ”опседнат” со многу потешкотии, а недостатоците ќе бидат рамноправни со илуминациите кои од тој модел можат да се појават. Шредер го предложи својот мултидимензионален модел целосно свесен за неминовниот редукционизам и терминолошка неконзистентност вклучени во него. Моделот предлага концептуална рамка за справување со сложените процеси преку кои публиката ги прима, разбира, критикува и одговара на медиумските пораки. Моделот на Шредер, како и моделот, а подоцна и критиката на Хол, истражувањата на Морли и останатите истражувачи во областа на рецепцијата беа поттик за едно вакво истражување на димензиите вклучени во тој можеби краткотраен, но бескрајно сложен процес на примање на медиумските пораки. Резултатите ја нагласија важноста и комплексноста на многу аспекти, процеси, димензии, кои го детерминираат процесот на рецепција; тие ја истакнаа нивната истовремена појавност и меѓу-зависност што пак ја отвори потребата од испитување на нивното заедничко дејствување. И двата, и социолошките и психолошките фактори се важни во процесот на рецепција, но никогаш одвоени од содржината на текстот и начинот на кој содржината е напишана. Се чини како одредени содржини да провоцираат одредени индивидуални карактеристики, и така „обединети" го детерминираат рецепцискиот процес.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/7190
ISSN: 1857-7717
Appears in Collections:Institute of Sociological, Political and Juridical Research: Journal Articles / Статии во научни списанија

Files in This Item:
File Опис SizeFormat 
175-1-321-1-10-20151011.pdf614.26 kBAdobe PDFThumbnail
View/Open
Прикажи целосна запис

Page view(s)

88
checked on 22.5.2024

Download(s)

29
checked on 22.5.2024

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.