Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/7161
Title: Настанок на правното дело
Authors: Тина Пржеска
Issue Date: 2017
Publisher: Правен факултет ,, Јустинијан први"
Project: Проектот ,,Евроинтеграција на општествениот, правниот и политичкиот систем на Република Македонија"
Journal: Годишник на Правниот факултет ,, Јустинијан први" во Скопје, том 56
Series/Report no.: Том 56;
Abstract: Во трудот се претставува настанокот на правното дело. Трудот покажува дека правното дело во цивилната доктрина се дефинира како изјава на волја на субјектот на правото насочена кон настанок, промена или престанок на граѓанскоправните односи. Притоа се заклучува дека од суштинско значење за настанокот на правното дело е изјавата на волја. Трудот потенцира дека формирањето на волјата претставува психолошки процес кој се одвива во човековата свест и за волјата да биде правно релевантна потребно е: субјектот да поседува свест за правните последици кои произлегуваат од изјавената волја и да има намера да стапи во одреден граѓанскоправен однос. Од трудот се гледа дека правната наука познава две теории за утврдување на правно релевантната волја: теорија на волја и теорија на изјавена волја. Првата смета дека правното значење за настанок на правното дело и припаѓа на внатрешната волја на субјектот на правото. Застапниците на оваа теоријата сметаат дека изјавената волја е значајна и правно обврзувачка, само доколку се поклопува со внатрешната волја на субјектот. Втората, т.е. теоријата на изјавена волја, како што покажува трудот, поаѓа од претпоставката дека само волјата која е изјавена може да биде правно релевантна, а дека внатрешната волја е само психолошки процес кој нема правно значење. Во трудот се констатира дека современите правни системи прифаќаат елементи од двете теории (примарно, правно релевантна е изјавената волја, а во одредени случаи се цени и внатрешната волја). Во трудот се подвлекува дека секоја изјава на волја не може да доведе до настанок на правно дело. Притоа, се објаснува дека правното дело може да настане само врз основа на изјава на волја која е правно релевантна, односно се исполнети следниве четири услови: да е дадена од страна на деловно способно лице, да е изјавена слободно и сериозно, и да е возможна и дозволена. Првиот услов – постоењето на деловна способност се покажа дека произлегува од потребата правните субјекти да бидат свесни за правните последици кои можат да произлезат од дадената изјава на волја, Вториот услов - изјавата на волја да биде изјавена слободно, се објасни дека подразбира секоја изјава на волја со која се доведува во прашање слободната иницијатива на субјектите (заблуда, измама или закана) може да доведе до ништовност на правното дело. Третиот услов - изјавата на волја да биде сериозна се потпре на тврдењето според кое невозможните изјави не можат да бидат правно релевантни бидејќи не може да се создаде впечаток дека лицето навистина сака и може да склучи правно дело. Четвртиот услов - изјавата на волја да биде дозволена се објасни дека произлегува од законската одредба која ги прогласува за ништовни правните дела спротивни на законот, моралот и обичаите. Трудот покажа дека начин на изјавување правно релевантна волја е секој акт на манифестирање на волјата на субјектите на правото која е насочена кон настанување на правното дело. Во зависност од начинот на кој е изјавена волјата, трудот покажа дека се разликуваат два начина на изјава на волја: изрично изјавување на волја и премолчено изјавување на волја. За изрично изјавување на волја, се укажа дека, се смета изјавувањето волја со зборови (усно или писмено) или со други знаци врз основа на кои може недвосмислено да се утврди нејзината содржина. За молкум изразената волја се констатира дека таа постои кога волјата се манифестира со знаци или дејствија (конклудентни дејствија) од кои посредно може да се утврди нејзината содржина. Притоа, се укажа дека таа не треба да се поистоветува со молчењето кое вообичаено не се смета како изјава на волја и не доведува до настанување на правни последици, освен во случаи определени со закон
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/7161
Appears in Collections:Faculty of Law: Journal Articles

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
Nastanok na pravnoto delo.pdf6.55 MBAdobe PDFThumbnail
View/Open
Show full item record

Page view(s)

400
checked on Apr 25, 2024

Download(s)

87
checked on Apr 25, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.