Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/6844
Наслов: Карневализацијата во романот „Бабаџан“ од Живко Чинго
Authors: Tasevska Hadji Boshkova, Iskra 
Keywords: Живко Чинго, карневализација, полифонија, идеологија, епистемолошки пресврт.
Issue Date: 2017
Publisher: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
Journal: XLIII меѓународна конференција на XLIX меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура, Охрид, 25-26 јуни 2016 година. Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, 2017, 376-391.
Conference: XLIII меѓународна конференција на XLIX меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура, Охрид, 25-26 јуни 2016 година.
Abstract: Појавата на „случајот Чинго“ во македонската литература (како што напоменува Димитар Митрев) претставува несомнено една пресвртница во дотогашниот тек на македонската литература, земајќи го предвид значењето на фолклорот во неговата регионалистичка проза. Низ креативна трансформација Чинго зборува за моќта на историските наративи, но и за нивниот метафикционален карактер, за концептот на нацијата и природата на националното, повторно низ објективот на хумористичното и автентичниот фолклор, за патријархалните вредности, проникнати со длабок хуманизам, за интертекстуалната визура на литературата, која не дозволува да се открие примарниот извор ниту конечното почивалиште на сите текстови, за мноштвото луѓе кои поради својата искреност и човечност не можат да го најдат своето место во ниеден политички систем. Оттука, соодветно е да заклучиме дека таквото преплетување на различните идеолошки кодови во текстот на Чинго претставува исклучителна појава во тој период од развојот на македонската литература.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/6844
ISBN: 978-9989-43-391-7
Appears in Collections:Faculty of Philology: Conference papers

Прикажи целосна запис

Page view(s)

93
checked on 3.5.2024

Download(s)

57
checked on 3.5.2024

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.