Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/6843
Наслов: Идентитетот како дискурзивен феномен во словата од македонскиот литературен XIX век
Authors: Tasevska Hadji Boshkova, Iskra 
Keywords: национален идентитет, дискурзивен идентитет, субјективност, слово (беседа), македонска литература од XIX век .
Issue Date: 2016
Publisher: Ми-Ан
Journal: Меѓународно списание за културолошки истражувања „Култура/Culture“, год. VI, бр. 14. Скопје: Ми-Ан, 2016, стр. 114-123.
Conference: Трета интернационална конференција на Центарот за култура и културолошки студии „Идентитетот и културата“, одржана во Скопје во периодот од 3 до 5 септември 2015 година.
Abstract: Постмодерната го истакна хибридниот карактер на идентитетот и неговите специфични својства. Неможноста да се конструира еден и единствен идентитет, како и противречната поставеност на човекот како неидентичен на себеси во сите одделни моменти ја истакнуваат потребата од посебното истражување на идентитетот. Нашата поставена теза се однесува на идентитетот кој се достигнува преку дејствувањето на дискурсот, односно оној вид субјективност (како што ја дефинираше Емил Бенвенист) која покажува какви се можностите за формирање на идентитетот во рамките на дискурсот. Со оглед на фактот дека словата се еден од најактуелните жанрови во македонската литература од XIX век, нивната специфична поставеност ја истакнува можноста за редефинирање и на националниот идентитет, кој недвосмислено е обележен со заборавањето (Ернст Ренан). Оттука, предложената тема ја истакнува специфичната поврзаност на идентитетот со субјективноста, со феноменологијата на претставата и со меморијата/заборавањето. Секако, паралелно со истражувањето на идентитетот на говорникот, кој не е обележен само национално, наша задача ќе претставува и одредувањето на жанровскиот идентитет на словата во македонската литература од XIX век, што претставува посебен научен проблем.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/6843
ISSN: 1857-7717
Appears in Collections:Faculty of Philology: Journal Articles

Прикажи целосна запис

Page view(s)

58
checked on 20.5.2024

Download(s)

46
checked on 20.5.2024

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.