Please use this identifier to cite or link to this item:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/6702
Title: | Процес на регрутирање и селекција на човечки ресурси во ИТ-претпријатија | Authors: | Мирчовска, Фимка | Keywords: | менаџмент на човечки ресурси; ИТ претпријатија; регрутирање; селекција; мотивација, продуктивност. | Issue Date: | 2020 | Publisher: | Филозофски факултет, Скопје | Source: | Мирчовска, Ф. (2020). Процес на регрутирање и селекција на човечки ресурси во ИТ-претпријатија. Магистерска теза. Скопје: Филозофски факултет. | Abstract: | Регрутирањето и селекцијата се едни од потешките и позначајните процеси на секое претпријатие од информатичката технологија (ИТ). По завршувањето на процесот на регрутација следи процесот на селекција, па секогаш ИТ претпријатието треба да биде добро подготвено и правилно да ги изврши овие комплексни процеси со цел да се вработат „вистински луѓе“ на „вистински работни места“. Овие процеси се склони на грешки, кои за последица можат да прикажат вработување на неквалитетни ИТ човечки ресурси, кои значително можат да влијаат врз идната продуктивност на ИТ претпријатието, тимската работа, мотивацијата и задоволството на сите вработени. Во магистерскиот труд се согледуваат ИТ претпријатија и се добиваат веродостојни резултати во однос на актуелната состојба на истите во РС Македонија и создавање на идни препораки за развој на ИТ претпријатијата. Овие препораки можат да им помогнат на ИТ претпријатијата за трансформирање на нивниот постоен систем на менаџмент на човечки ресурси во нов, иновиран и подобрен систем кој на пофункционален начин ќе ги врши процесите на регрутирање и селекција на кадри во ИТ секторот. Во трудот се употребени бројни методи на истражување како аналитички основни методи (анализа, специјализација и дедукција), синтетички основни методи (конкретизација, генерализација и индукција), а воедно ќе се користи и статистичка обработка преку две техники на истражување: анкетен прашалник (наменет за кандидати и вработени) и структурирано интервју (наменето за менаџери на МЧР) чии резултати се основа за идните нумерички показатели. Резултатите од истражувањето потврдија дека процесите на регрутација и селекција во ИТ претпријатијата во РСМ се на високо ниво, но сепак постојат минимални потреби за воведување на промени и подобрување во иднина со цел за правилен начин на селекција и вработување на кандидатите. Со тоа ИТ претпријатието има можност да ја зголеми продуктивноста, тимската работа, мотивацијата и задоволството на сите вработени. | Description: | Магистерска теза одбранета во 2020 година на Филозофскиот факултет во Скопје, под менторство на проф. д–р Јован Пејковски. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/6702 |
Appears in Collections: | Faculty of Philosophy 07: MA Theses / Магистерски тези |
Files in This Item:
File | Description | Size | Format | |
---|---|---|---|---|
fmirchovska2020.pdf | 1.33 MB | Adobe PDF | ![]() View/Open |
Page view(s)
220
checked on Nov 3, 2024
Download(s)
2,068
checked on Nov 3, 2024
Google ScholarTM
Check
Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.