Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/6688
Title: Идентитетот како дискурзивен феномен во словата од македонскиот литературен XIX век
Authors: Искра Тасевска Хаџи-Бошкова
Keywords: национален идентитет, дискурзивен идентитет, субјективност, слово (беседа), македонска литература од XIX век.
Issue Date: 2016
Publisher: Ми-Ан
Journal: Меѓународно списание за културолошки истражувања „Култура/Culture“, год. VI, бр. 14.
Conference: Трета интернационална конференција на Центарот за култура и културолошки студии „Идентитетот и културата“, одржана во Скопје во периодот од 3 до 5 септември 2015 година.
Abstract: Постмодерната го истакна хибридниот карактер на идентитетот и неговите специфични својства. Неможноста да се конструира еден и единствен идентитет, како и противречната поставеност на човекот како неидентичен на себеси во сите одделни моменти ја истакнуваат потребата од посебното истражување на идентитетот. Нашата поставена теза се однесува на идентитетот кој се достигнува преку дејствувањето на дискурсот, односно оној вид субјективност (како што ја дефинираше Емил Бенвенист) која покажува какви се можностите за формирање на идентитетот во рамките на дискурсот. Со оглед на фактот дека словата се еден од најактуелните жанрови во македонската литература од XIX век, нивната специфична поставеност ја истакнува можноста за редефинирање и на националниот идентитет, кој недвосмислено е обележен со заборавањето (Ернст Ренан). Оттука, предложената тема ја истакнува специфичната поврзаност на идентитетот со субјективноста, со феноменологијата на претставата и со меморијата/заборавањето. Секако, паралелно со истражувањето на идентитетот на говорникот, кој не е обележен само национално, наша задача ќе претставува и одредувањето на жанровскиот идентитет на словата во македонската литература од XIX век, што претставува посебен научен проблем.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/6688
ISSN: 1857-7717
Appears in Collections:Faculty of Philology: Journal Articles

Show full item record

Page view(s)

85
checked on Apr 22, 2024

Download(s)

93
checked on Apr 22, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.