Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/6495
Наслов: Неспознатливоста и неискажливоста на Бог според Џон Скот (Ериугена)
Authors: Тодоровска, Марија 
Keywords: Ериугена, бог, апофатички, катафатички, повеќе отколку, неискажливост
Issue Date: 2019
Publisher: Филозофски факултет, Скопје
Source: Тодоровска, М., „Неспознатливоста и неискажливоста на Бог според Џон Скот (Ериугена)“, Годишен зборник на Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј во Скопје, кн. 72, Филозофски факултет, Скопје, 2019, 53-66.
Journal: Годишен зборник на Филозофскиот факултет во Скопје
Abstract: Во статијата се истражува негативната теологија употребувана од страна на Џон Скот (Ериугена) во делото „За поделбата на природата“, како јадрена структура во неговиот онтолошки систем. Апофатичките ставови се круцијални во експозицијата на Ериугена на позицијата и улогата на Бог, а со тоа и на слoженото функционирање на четирите поделби на природата и неговиот концепт за петте начини на интерпретација на постоењето. Основните категории во неговиот систем на природата се покажани, заедно со најсилните тврдења за неискажливоста и неспознатливоста на Бог, за потем да се анализира неговата методолошка рамка на катафатичката и на апофатичката теологија во пристапувањето кон непристапната, натсуштинска, неразбирлива природа на божественото. Ставовите на Ериугена за вредностите и значењето на двете гранки на теологијата ги поставуваат не во конфликт или меѓусебно недоразбирање, туку како комплементарни и во постојана хармонија. Најголем дел од текстот се однесува на претпочитањето на Ериугена на негациите од апофатичката теологија во говорењето за Бог, заедно со очигледната свесност дека заслугите на катафатичката теологија се исто така значајни во изразувањето на трагата од Бог како манифестација во создадениот свет; како и на неговиот дијалектички маневар на нагласување на важноста на повеќе-отколку формулациите за божјата натсуштинскост. Затоа, разгледани се идеите на Ериугена за формулите што по форма се афирмативни, а по значење негативни, за да се покаже неговото разбирање на предностите на синтезата на катафатичката и апофатичката теологија, во форма на „хиперфатичка“ теологија што го изразува Бог како неизразлив (бидејќи е повеќе отколку изразлив).
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/6495
Appears in Collections:Faculty of Philosophy 04: Journal Articles / Статии во научни списанија

Прикажи целосна запис

Page view(s)

123
checked on 2.5.2024

Download(s)

22
checked on 2.5.2024

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.