Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/6424
Наслов: | Советот за безбедност и Новите Војни | Authors: | Стојковски, Љупчо | Keywords: | Совет за безбедност на ОН Нови војни |
Issue Date: | 2018 | Publisher: | Правен Факултет „Јустинијан Први" Скопје | Journal: | Годишник на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје | Series/Report no.: | Том 58; | Abstract: | Иако се поминати 70 години од крајот на Втората Светска војна и создавањето на Обединетите Нации, прашањата за војната и нејзиниот карактер и особини се сé уште актуелни. Од завршувањето на Студената војна па до денес, многу автори укажуваат на постоење на поинаква логика кај денешните војни, кои истите автори ги означуваат како „нови војни“. Овој труд го разгледува концептот на „новите војни“, но и тоа дали ОН и пред сé Советот за Безбедност кои биле формирани да спречат нова меѓудржавна војна, можат да се справат со овие феномени на 21-от век. Заклучува дека логиката на новите војни е посоодветна и посеопфатна за објаснување на модерните конфликти – како што се на пример војните на Балканот и во Африка од 90-тите години на минатиот век (а и ден денес), како и глобалната војна против тероризмот и ИСИС (Исламска Држава на Ирак и Сирија) како и дека Советот за безбедност има прилично флексибилна правна рамка која и ден денес му овозможува да одговори на актуелните безбедносни закани. Сепак, сé уште треба да се работи на инкорпирање на новата безбедносна когнитивна матрица, но и да се адресираат „старите“ проблеми кои со години го кочат Советот. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/6424 |
Appears in Collections: | Faculty of Law: Journal Articles |
Files in This Item:
File | Опис | Size | Format | |
---|---|---|---|---|
Советот за безбедност и Новите Војни.pdf | 235.24 kB | Adobe PDF | View/Open |
Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.