Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/6088
Title: Moжност за предвидување на психолошката благосостојба врз основа на преференциите на трансакциски наспроти трансформациски стил на раководење, полот и етничката припадност на вработени лица
Authors: Скикули Дука, Калтрина
Keywords: трансформациски стил на раководење, трансакциски стил на раководење, психолошка благосостојба, пол, етникум
Issue Date: 2019
Publisher: Филозофски факултет, Скопје
Source: Скикули Дука, К. (2019). Moжност за предвидување на психолошката благосостојба врз основа на преференциите на трансакциски наспроти трансформациски стил на раководење, полот и етничката припадност на вработени лица. Магистерска теза. Скопје: Филозофски факултет.
Abstract: Целта на овој труд е да се испитат разликите во поглед на перцепциите на трансакциски и трансформациски стил на раководење и димензиите на психолошката благосостојба како што се ангажираност, позитивни емоции, смисла на живот, постигнување, позитивни социјални врски кај вработените од различен пол и различна етничка припадност, како и да се провери дали перцепциите на трансформациски и трансакциски стил на раководење подобро ја предвидуваат психолошката благосостојба (ангажираност, постигнување, позитивни емоции, позитивни социјални врски и смисла на животот) од полот и етничката припадност. Вкупно се опфатени 120 испитаници вработени во образование и администрација, во град Скопје и Дебар, од кои беа 60 жени и 60 мажи, од кои по 30 жени и 30 мажи од албанска етничка припадност и по 30 жени и 30 мажи од македонска етничка припадност. Беа зададени инструменти за субјективна/психолошка благосостојба PERMA профил (PERMA Profiler, Butler & Kern, 2015)–што ја дефинираат седум резултати добиени на седумте супскали со вкупно 23 искази како и Мултифакторскиот прашалник (MLQ , Multifactor Leadership Questionnaire, Bass and Avolio, 2000), за утврдување на стилот на лидерство застапен во организациите со 28 искази преку кои испитаниците проценуваат во колкав степен истите одговараат на личноста која ја проценуваат. Податоците се обработени со Пирсонов коефициент на корелација и линеарна регресивна анализа. Врз основа на резултатите може да се заклучи дека првата хипотеза -Перцепциите на трансакциски стил на раководење и психолошката благосостојба (ангажираност и постигнување) се поизразени кај мажите и Македонците отколку кај жените и Албанците вработени лица; перцепциите на трансформациски стил на раководење и психолошката благосостојба (позитивни емоции, позитивни социјални врски и смисла на животот) се поизразени кај жените и Албанците отколку кај мажите и Македонците вработени лица не е потврдена, и втората хипотеза - Перцепциите на трансформациски и трансакциски стил на раководење се подобри предиктори на психолошката благосостојба (ангажираност, постигнување, позитивни емоции, позитивни социјални врски и смисла на животот) од полот и етничката припадност кај вработените лица е делумно потврдена. Врз основа на добиените резултати може да се заклучи дека перцепциите на трансформацискиот стил на раководење се поврзани со сите димензии на психолошката благосостојба кај вработените, трансакцискиот стил на раководење е поврзан со една димензија на благосостојбата, но не постојат разлики меѓу етничката припадност и половите разлики како ги перцeпираат овие стилови и како тоа се рефлектира на нивната благосостојба.
Description: Магистерска теза одбранета во 2019 година на Филозофскиот факултет во Скопје, под менторство на проф. д–р Елисавета Сарџоска.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/6088
Appears in Collections:Faculty of Philosophy 07: MA Theses / Магистерски тези

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
ksduka2019.pdf984.47 kBAdobe PDFThumbnail
View/Open
Show full item record

Page view(s)

150
checked on Apr 20, 2024

Download(s)

105
checked on Apr 20, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.