Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/5587
Наслов: | Социо-економски фактори и нивното влијание во современото семејство | Authors: | Лазаревска, Драгана | Keywords: | семејство, семејни односи, семејни потреби, семејни улоги, видови на семејства, социо-економски фактори | Issue Date: | 2019 | Publisher: | Филозофски факултет, Скопје | Source: | Лазаревска, Д. (2019). Социо-економски фактори и нивното влијание во современото семејство. Докторска дисертација. Скопје: Филозофски факултет. | Abstract: | Докторската теза е изработена на Институтот за социјална работа и социјална политика - Скопје, во овој труд е направено анализа врз база на добиените податоци од 200 испитаници од градот Скопје селектирани по случаен избор. Добиените резултати овозможија да се согледаат состојбите и промените во современото македонско семејство под влијание на социјалните и економските фактори. Трудот има за цел да се увидат предностите и слабостите кои постојат во современото македонско семејство, како и да се дадат конкретни предлози и сугестии за тоа како предностите кои постојат во современото семејство да се задржат и надградат, а како слабостите да се коригираат или одстранат. Во истражувањето се обработуваат состојбите и промените кои настануваат во современото македонско семејство под влијание на социо-економските фактори. Факторите кои влијаат врз социо-економскиот статус на семејството ја објаснуваат социјалната и економската позадина на родителскиот дом и нејзиното влијание врз иднината на младите лица. Мотивот за изработка на тезата произлегува од потребата да се прикажат актуелностите, спецификите и промените кои настануваат во современото семејство. За оваа цел се увиде функционалноста на семејната политика како во Република Северна Македонија, така и во развиените европски земји. Основна цел на овој труд е да се прикажат состојбите, потребите и промените кои настануваат во современото семејство под влијание на социо-економските фактори. Практична цел на ова истражување е да се подигне нивото на свест и информираност кај граѓаните за реалната слика на состојбите и промените кои настануваат во современото македонско семејство, како и во земјите кои се поразвиени, со цел предизвикување на позитивни промени како врз поединецот, така и врз целокупната економија и пазарот на труд. Со ова едновремено се укажа и на постоечкото знаење и познавање на овој процес, како и на интервенциите на економско социјалните институции како во Република Северна Македонија, така и во развиените земји. | Опис: | Докторска дисертација одбранета во 2019 година на Филозофскиот факултет во Скопје, под менторство на проф. д–р Јован Пејковски. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/5587 |
Appears in Collections: | Faculty of Philosophy 08: Dissertations preceding the Doctoral School / Дисертации пред Докторската школа UKIM 01: Dissertations preceding the Doctoral School / Дисертации пред Докторската школа |
Files in This Item:
File | Опис | Size | Format | |
---|---|---|---|---|
dlazarevska2019.pdf | 3.76 MB | Adobe PDF | View/Open |
Page view(s)
411
checked on 29.4.2024
Download(s)
792
checked on 29.4.2024
Google ScholarTM
Проверете
Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.