Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/5587
Title: Социо-економски фактори и нивното влијание во современото семејство
Authors: Лазаревска, Драгана
Keywords: семејство, семејни односи, семејни потреби, семејни улоги, видови на семејства, социо-економски фактори
Issue Date: 2019
Publisher: Филозофски факултет, Скопје
Source: Лазаревска, Д. (2019). Социо-економски фактори и нивното влијание во современото семејство. Докторска дисертација. Скопје: Филозофски факултет.
Abstract: Докторската теза е изработена на Институтот за социјална работа и социјална политика - Скопје, во овој труд е направено анализа врз база на добиените податоци од 200 испитаници од градот Скопје селектирани по случаен избор. Добиените резултати овозможија да се согледаат состојбите и промените во современото македонско семејство под влијание на социјалните и економските фактори. Трудот има за цел да се увидат предностите и слабостите кои постојат во современото македонско семејство, како и да се дадат конкретни предлози и сугестии за тоа како предностите кои постојат во современото семејство да се задржат и надградат, а како слабостите да се коригираат или одстранат. Во истражувањето се обработуваат состојбите и промените кои настануваат во современото македонско семејство под влијание на социо-економските фактори. Факторите кои влијаат врз социо-економскиот статус на семејството ја објаснуваат социјалната и економската позадина на родителскиот дом и нејзиното влијание врз иднината на младите лица. Мотивот за изработка на тезата произлегува од потребата да се прикажат актуелностите, спецификите и промените кои настануваат во современото семејство. За оваа цел се увиде функционалноста на семејната политика како во Република Северна Македонија, така и во развиените европски земји. Основна цел на овој труд е да се прикажат состојбите, потребите и промените кои настануваат во современото семејство под влијание на социо-економските фактори. Практична цел на ова истражување е да се подигне нивото на свест и информираност кај граѓаните за реалната слика на состојбите и промените кои настануваат во современото македонско семејство, како и во земјите кои се поразвиени, со цел предизвикување на позитивни промени како врз поединецот, така и врз целокупната економија и пазарот на труд. Со ова едновремено се укажа и на постоечкото знаење и познавање на овој процес, како и на интервенциите на економско социјалните институции како во Република Северна Македонија, така и во развиените земји.
Description: Докторска дисертација одбранета во 2019 година на Филозофскиот факултет во Скопје, под менторство на проф. д–р Јован Пејковски.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/5587
Appears in Collections:Faculty of Philosophy 08: Dissertations preceding the Doctoral School / Дисертации пред Докторската школа
UKIM 01: Dissertations preceding the Doctoral School / Дисертации пред Докторската школа

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
dlazarevska2019.pdf3.76 MBAdobe PDFThumbnail
View/Open
Show full item record

Page view(s)

400
checked on Apr 15, 2024

Download(s)

777
checked on Apr 15, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.