Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/4730
Наслов: Примена на "Конвенцијата на Обединетите Нации за меѓународна продажба на стоки" во меѓународната трговија
Other Titles: Scope of Application of the "United Nations Convention on Contracts for the International Sale of Goods (CISG)" in the international Trade
Authors: Коцев, Љубен 
Keywords: Виенска конвенција, меѓународна продажба на стоки, подрачје на примена, меѓународно трговско право.
Issue Date: 2018
Publisher: Економски факултет - Скопје
Source: Коцев, Љ. (2018). Примена на "Конвенцијата на Обединетите Нации за меѓународна продажба на стоки" во меѓународната трговија. Годишник на Економски Факултет - Скопје, том 53, 187-201.
Journal: Годишник на Економски факултет - Скопје
Abstract: Конвенцијата на Обединетите Нации за меѓународна продажба на стоки (во понатамошниот текст „Виенска конвенција“) претставува еден од најзначајните инструменти во меѓународната трговија, чија главна цел е унификација на одредбите за меѓународната продажба на стоки. Од интерес на страните при склучување на договори е да знаат на кои правила ќе подлежи нивниот договорен однос, и при евентуално настанување на спор да се примени право што ќе им биде познато. Конвенцијата како меѓународен инструмент што е универзално признат и има широка распространетост, е поприфатлива за страните отколку примена на национално право кое може да биде потполно непознато за една или пак за сите договорни страни. Со оглед на фактот дека Конвенцијата врши унификација на меѓународното право за продажба на стоки преку приближување и усогласување на различни правни системи и правни филозофии, нормално е тоа што таа во себе вклучува и одреден број на иновативни концепти, кои претставуваат своевиден компромис помеѓу различните правни системи. Како резултат на тоа, Конвенцијата е предмет на научни истражувања и расправа до денешен ден. Во текстот се обработува подрачјето на примена на Конвенцијата, односно исполнувањето на условите за примена. Се врши анализа на одредбите кои ги поставуваат границите за нејзината примена, како и на можноста за паралелна примена со други инструменти и правни правила. Трудот дава осврт и на примената, влијанието и значењето на Виенската конвенција во Република Македонија, како и улогата на Конвенцијата во развојот на правото на трговска
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/4730
ISSN: 0489-0922
Appears in Collections:Faculty of Economics 06: Annual of the Faculty of Economics - Skopje / Годишник на Економски факултет - Скопје

Прикажи целосна запис

Page view(s)

486
checked on 28.4.2024

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.