Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/32313
Title: Определување на влијанието на оперативните параметри при управување со ХЕЦ со примена на модел базиран на машинско учење
Authors: Фросина Пановска Георгиевска, Љупчо Петковски, Стевчо Митовски,
Issue Date: 2024
Publisher: Здружение Македонски комитет за големи брани
Conference: Инженерството за брани во услови на енергетска транзиција и остарена хидротехничка инфраструктура
Abstract: Низ историјата на човештвото, паралелно со напредокот на цивилизациите, несомнено напредувале и методите за анализа на конструкциите во градежништвото. Од камено доба, до изградбата на Пирамидите во Египет, изградбата на Вавилонската кула, канализацијата и водоводот во Рим, Кинескиот ѕид, Акрополот во Атина, до изградбата на браната „Три клисури“ во Кина со неверојатна височина од 181 m и должина во круната од 2.335 m, дојдовме до момент во историјата на градежништвото кога градбите достигнаа неверојатни големини, со нови материјали од карбонски влакна, челик и бетон, задржувајќи ја својата стабилност, пркосејќи им на временските услови и на гравитацијата. Алатка од поново време којашто наоѓа примена несомнено во секој сектор од градежништвото е користењето на алатките од машинско учење – гранка на вештачката интелигенција. Машинското учење нуди можности во градежништвото за оптимизација на објектите, анализа на безбедноста на објектите, анализа на чинењето и оптимизација на трошоците за објектите, како и помош во секојдневното управување со нив во реално време. Во овој реферат е опишана примената на алатките од машинско учење со анализи во апликацијата SOLDIER во анализа на производството на електрична енергија на ХЕЦ „Козјак“.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/32313
ISBN: 978-608-4953-03-6
Appears in Collections:Faculty of Civil Engineering: Conference papers

Files in This Item:
File SizeFormat 
22 zmkgb2024 03.pdf11.58 MBAdobe PDFView/Open
Show full item record

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.