Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/32103
Title: Влијание на конструктивните параметри врз опасноста од раздвојување на браниците за заштита од излетување на патиштата
Authors: Nikola Avramov
Keywords: Страничната заштита, навојните врски, удар на возило
Issue Date: 24-Apr-2015
Publisher: Машински факултет - Скопје
Abstract: Страничната заштита со W-облик е најчесто користениот систем за безбедност на патиштата. За заштитата да функционира како што е предвидено, одлучувачка е нејзината компатибилност согласно одредбите. Стандардите го одредуваат максималното забавување во просторот за патници, доколку се разгледува возилото како и максимално дозволената деформација на одбојникот за одреден тип на удар. Ако сите параметри се во зададените граници и останати побарувања се задоволени, како дозволената деформација не смее да го надминува просторот позади одбојникот, деловите од заштитата не треба да бидат одвоени, да продрат во просторот за патници и сл., може да се каже дека одбојникот е безбеден за употреба. Конструиран е да ја апсорбира енергијата со деформација на оградата и потпорните столбови, кои го запираат и пренасочуваат возилото додека надолжните сегменти остануваат континуирани и во контакт со него. За да се обезбеди максимална заштита односно подобрување на постоечката многу е важно да се задржи континуитетот на сегментите на оградата. Поради тоа се јавува и потребата од анализа на елементите на врска односно навојните врски кои се оптоварени како резултат на деформацијата на оградата предизвикана од ударот. Со разгледување на начините на деформација се јавува можноста за конструктивни решенија кои би ги опфатиле елементите од врската и би се овозможила надежна врска за различни возни ситуации. Од друга страна и придобивката од можна оптимизација на веќе користените навојни врски, намалување на бројот на користени врски без да се наруши сигурноста која ја овозможуваат поради масовноста на користење на овие заштити допринесува за големината на погодностите што би се постигнале.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/32103
Appears in Collections:Faculty of Mechanical Engineering: PhD Theses

Files in This Item:
File SizeFormat 
Doktorska_rabota_Nikola_Avramov_watermark.pdf8.84 MBAdobe PDFView/Open
Show full item record

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.