Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/32029
Title: Јустинијановата кодификација (Ante templum et post templum)
Authors: Есин Кранли Бајрам, д-р; Орце Лазаров, м-р
Keywords: Клучни зборови: држава, Римско право, правичност, Јустинијанова кодификација.
Issue Date: 2023
Publisher: Стоби трејд, дооел, Скопје
Conference: „Компаративни истражувања во општествените науки“- Научна конференција во чест на Проф.д-р Иво Пухан, 2022
Abstract: Традицијата на граѓанско-правниот систем е најстара и најважна традиција во светот денес, која несомнено ги “потпомага“ правните системи на Континентална Европа, Латинска Америка, како и оние на многу африкански и азиски држави. Покрај фактот што постојат значителни разлики во темелните закони на државите со граѓанско-правен систем, сепак помеѓу нив постои фундаментално единство. Најважниот елемент на тоа единство, е фактот што сите граѓанско-правни системи се произлезени од истите извори, и нивните правни институци се класифицирани во согласност со вообичаено прифатените шеми, кои првично постојат како резултат на нивниот сопствен развој, што тие го имаат прифатено во определена фаза од нивната историја. Врските на старото Римско право се повеќе од очигледни со институтите на современото право. Современото право идејно како такво, воопшто не се разликува од Римското право, бидејќи разликите не се ни суштински, заради тоа што се иманентни на различното општествено уредување, и различниот општествено-економски развиток. Тоа нѝ укажува на фактот дека Римското право само по себе нема рок на употреба, односно дека е универзално и трајно. Римското право и правна мисла станале основа за креирање на современите правни системи, како и за целокупниот подоцнежен развој на европското право и законодавство. Корените на многу современи правни институти, па и цели гранки, неспорно е дека се наоѓаат во римското правно наследство, и тие рудименти треба да се анализираат во временските и просторните координати во кои настанале. За време на владеењето на царот Јустинијан I, извршена е до тогаш најголемата кодификација на Римското право, Јустинијановата кодификација.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/32029
Appears in Collections:Faculty of Law: Conference papers

Files in This Item:
File SizeFormat 
Проф.pdf372.39 kBAdobe PDFView/Open
Show full item record

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.