Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/31915
Title: ПЕРИНАТАЛЕН ИСХОД КАЈ ПАЦИЕНТКИ СО НИСКА ВРЕДНОСТ НА ПЛАЗМА ПРОТЕИНАПОВРЗАН СО БРЕМЕНОСТА (PREGNANCY ASSOCIATED PLASMA PROTEIN A) ВО ПРВ ТРИМЕСТАР
Authors: Livrinova, Vesna 
Keywords: PAPP-A
перинатален исход
скрининг во прв триместар
Issue Date: 5-Nov-2019
Abstract: Вовед Неповолниот перинатален исход вклучува предвремени породувања,новородени, мали за гестациска возраст,хипертензивни пореметувања во бременост и мртвороденост. Тие се главни клинички ентитети кои го одредуваат перинаталниот морбидитет и морталитет и во најголем дел се компликациикои се јавуваат во третиот триместар,а водат потекло од несоодветно формирање на постелката во првиот триместар. Плазма протеинот А асоциран со бременоста(PAPP-A) и хуманиот хорионски гонадотропин (βHCG) создaдени во постелката, заедно со дефинирани ултразвучни параметри,се интегрирани во скринингот во првиот триместар за анеуплоидии на хромозомите21, 18 и 13. Плазма протеинот А асоциран со бременост (PAPP-A) е протеаза која делува на Insulin-like growth factor binding protein-4 (IGFBP-4),резултирајќи ослободување на слободен Insulin–like growth factor(IGF). Произведенвосинцициотрофобластот, ја стимулира клеточната митоза и диференцијација,ја контролира трофобластната инвазија на децидуата и моделирањето на спиралните артерии, а делува на феталниот раст преку искористувањето на аминокиселините и гликозата во трофобластот.Раната идентификација на пациенткитесо ниска вредност на PAPP-A (помала од 0,4 МоМ), при комбинираниот скрининг во првиот триместар од 10+6 до 13+6 гестациска недела (г.н.),има за цел предвидување на неповолниот перинатален исход, по исклучување на анеуплоидии, (кај скриниг позитивните пациентки - > 1: 300) и нехромозомски аномалии. Материјал и методи На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, спроведена е проспективна студија во период на 2018 година. Селекцијата на пациентките беше од пациентки кај кои е направен скрининг за анеуплоидии во првиот триместар од 10+6 до 13+6 г.н. Од нив се селектираа тие со низок PAPP-A (< 0,4 МоМ) кои беа застапени во 3,8%(н=363) на годишно ниво. Дел од пациентките кои не беа следени и породени на Клиниката беа исклучени од студијата. Кај пациентките со висок комбиниран ризик за анеуплоидиибеа исклучени хромозомски и нехромозомски абнормалности. По добивање информирана согласностбеа вклучени во студијата. Пациентките беа поделени во две групи: испитаничка група од 64 пациентки,поделена во две подгрупи(до 0,29 МоМ и од 0,30 МоМ до 0,39 МоМ) и контролната група 50 пациентки каде PAPP-A≥ 0,4 МоМ. Концентрацијата на βHCGи PAPP-A се изработени од 5мл периферна венска крв во епрувета без реагенс. PAPP-Aсе одредува со in vitro дијагностика - Immulite 2000 HPi Systems анализатор, Diagnostic Products Corporation, за квантитативно мерење на PAPP-Aво серум. Тоа е цврсто фазен, ензимски означен хемилуминисцентен имунометрички есеј. Ранг на калибрација е до 10 mIU/mL, со ниска аналитичка сензитивност од 0.025 mIU/mL. Ризикот се одредува со софтвер–PRISCA (Prenatal RISk CAlculation), v. 5.0.3.1.,каде се внесуваат податоци за концентрациите добиени од анализата на серумот и ултразвучни параметри(CRL- растојание теме-тртица кај фетусот,нухално просветлување т.н. NT-nuchal translucency и присуство на носна коска) со одредени релевантни анамнестички податоци (за возраст на мајката,расно потекло,тежина на мајката,претходно дете родено со анеуплоидија, статус на пушење цигари, дијабетес, паритети IVF).За висок ризик за Тризомија 21 се зема комбиниран ризик поголем од 1:300.Користен е прашалник кој вклучува: анамнестички, демографски податоци, лична, акушерска анамнеза и информации за сегашната бременост. Пациентките се следени со ултразвучни прегледи во 18 г.н. и во 22г.н. за скрининг на аномалии и должина на грлото на матката.Од 28 г.н. до 32 г.н. и во 36 г.н. се прави контролен ултразвук на фетален раст,волумен на амнионска течност,состојба на постелка и фето-плацентарни протоци. Пациентките со сомнение за застој во растот, со измерени вредности за церебро-умбиликален проток кој укажува на почетна редистрибуција на крвотокот во фетусот и со појава на знаци на прееклампсија се почесто следени во согласност со клиничкиот протокол. Податоците за мајчиниот и новороденечкиот исход од бременоста се добиени по породувањето од медицинската документација при испис од Клиникатa. Анализирано е влијанието на вредноста на PAPP-A врз перинаталниот исход кај овие бремености. Резултати Постои асоцијација на ниските вредности на PAPP-A и неповолниот перинатален исход кај овие бремености кој вклучува мала родилна тежиназа гестациската возраст и предвремено породување, со недоволна предиктивносткоја може да се зголеми со вклучување на вредностите на нухалната транслуценца и измерениот параметар: теме-тртица на фетусот. Со прееклампсија не е најдена асоцијација.Не е најдена статистички значајна разлика во оперативното завршување на породувањето помеѓу двете групи.Разлика е најдена во присуство на компликации во бременост со p=0,023,а поединечно со предвремено породување кое во повеќе од половината е јатрогено,т.е. завршено предвремено поради состојба на плод и/или мајка како и за плодови со мала тежина за гестациска возраст. Дискусија Неповолниот перинатален исход кој вклучува предвремени породувања,мали за гестациска возраст, новородените и хипертензивните пореметувања во бременост се главни клинички ентитети кои го одредуваат перинаталниот морбидитет и морталитет.Горенаведените ентитети се компликации кои се јавуваат во третиот триместар во најголем дел, а водат потекло од несоодветно формирање на постелката во првиот триместар. Заклучок Резултатите од студијата укажуваат на потребата за вклучување и други дополнителни биохемиски, ултразвучни иследувања и биофизички мерења со цел да се зголеми предиктивноста на PAPP-A во предвидување на перинаталниот исход,со цел намалување на перинаталниот морбидитет и морталитет.Раната предикција на потенцијалната плацентарна инсуфициенција пред да настане плацентарната дисфункција, овозможува воведување превентивно мерење или третман со кој би се подобрил исходот од бременоста.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/31915
Appears in Collections:Faculty of Medicine: PhD Theses

Files in This Item:
File SizeFormat 
DOKTORAT.docx860.39 kBMicrosoft Word XMLView/Open
Show full item record

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.