Please use this identifier to cite or link to this item:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/31791
Title: | Институтот застапништво и неговото значење во граѓанското право | Other Titles: | The Institute of Representation and its Significance in the Civil law | Authors: | Теа Лалевска | Keywords: | застапништво, субјективитет, граѓанско право, деловна способност, правна способност, правен промет, правни односи, имот, правни дела. | Issue Date: | 18-Sep-2024 | Abstract: | Институтот застапништво е еден од најзначајните институти од општиот дел на граѓанското право без кој не можат да се замислат современите граѓанско-правни односи. Станува збор за институт кој го овозможува остварувањето на граѓанските субјективни права на физичките и правните лица во околности кога тие не се во состојба самостојно да ги остваруваат тие права. Преку институтот застапништво се овозможува вклучување во правниот живот на лицата кои поради недостаток на деловна способност не можат да се грижат за своите права и интереси. Без постоење на овој институт, физичките лица без деловна способност би станале маргинализирана група без потенцијал да стекнуваат права од имотна природа и да уживаат во придобивките на правниот промет. Институтот застапништво е во функција и на деловно способните физички лица затоа што им отвора повеќе можности за учество во граѓанско-правните односи истовремено, без притоа да мора самостојно да ги преземаат правните дејствија и други правни работи. Дејствувањето на правните лица како субјекти во правото, исто така не би можело да се замисли без постоење на застапници преку кои правното лице изјавува правно релевантна волја во правните односи. Придобивките од постоењето на институтот застапништво во граѓанското право ги надминуваат границите на индивидуалниот интерес на физичките и правните лица. Институтот застапништвото игра незаменлива улога во севкупниот развој на правниот промет и на граѓанско-правните односи кои се реализираат во рамките на тој правен промет. Во овој докторски труд се анализира појавата, развојот, функциите, правната природа и значењето на институтот застапништво во граѓанското право. Почнувајќи од историските корени на институтот застапништво во римското право, па сè до современите правни системи се покажува еволуцијата на овој институт во областа на граѓанското право. Се претставуваат видовите застапништво во современите правни системи на земјите во Европа и се потенцира нивното значење, карактеристики и функции во граѓанско-правните односи. Преку сестраната анализа на институтот застапништво се покажува неговата улога и значење во системот на граѓанското право. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/31791 |
Appears in Collections: | Faculty of Law: PhD Theses |
Files in This Item:
File | Size | Format | |
---|---|---|---|
Лекториранa докторска дисертација - асс. м-р Теа Лалевска.pdf | 3.57 MB | Adobe PDF | View/Open |
Google ScholarTM
Check
Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.