Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/31651
Title: Ревизија и реформирање на наставните планови и програми во Основно образование
Authors: Zoran Velkovski, Trajce Stojanov, Jasmina Delceva-Dizdarevik, Elizabeta Tomevski-Ilievska, Ljuljzim Ademi, Biljana Kamcevska, Velickovska Aleksovska, Biljana Krstevska-Papik, Emin Osman, Sonaj Bilal, Ankica Vitanova, Maja Miteva-Petrovska, Elizabeta Petrovik, Vesela Bogdanovik, Elena Misik, Subi Ajro
Issue Date: 2018
Publisher: Ministerstvo za Obrazovanie na RM
Project: Ministerstvo za Obrazovanie na RM
Abstract: Основното воспитание и образование во Република Македонија својата идејна и правна основа ја црпи од Уставот и легислативната рамка на Република Македонија, а во согласност со приоритетната заложба на државата за европска интеграција и со меѓународните концвенции и развојни документи, како што се: Конвенцијата на Обединетите нации за правото на децата (1989), Светската декларација „Образование за сите“ (1990), Дакарската декларација – Квалитетно образование за сите (2002), Милениумските развојни цели на Обединетите нации (2000), Декларацијата од Саламанка (1994), Конвенцијата за правата на лицата со инвалидитет (2006), Европската стратегија 2020 (2009), Инчеонската декларација „Образование 2030 на Унеско (2015) и др. Основното образование, покрај следењето на современите тенденции, се темели и на богатството и разновидноста на националното културно наследство, на принципите на транспарентност, конкурентност, компатибилност и препознатливост, и на демократските принципи кои треба да ги засилат неговата атрактивност и ефективност. Новото основно воспитание и образование не треба да биде само подготовка на децата за средно училиште туку треба да овозможи и: развој на личност која може да преземе индивидуална, семејна и граѓанска одговорност; воспитание и образование кое ги почитува и ги развива индивидуалните потреби, интереси и афинитети на личноста; развој на култура на живеење т.е. стекнување компетенции соодветни за променливиот свет на трудот и за општествениот живот; воспитание и образование кое ќе овозможи развој на независна, отворена, критичка и демократска личност со вештини и со компетенции за акција; воспитание и образование кое го зајакнува чувството на припадност на заедницата; социјализација во духот на општествено прифатените вредности и идеали со негување на духовното, културното и историското наследство; развој на подготвеност и свест за доживотно образование. Целите на новото основно воспитание и образование се во согласност со одредбите препорачани од ЕФА-извештајот, кој претставува ориентациска рамка со која се согласија земјите во светот. Светското движење „Образование за сите“, започнато во Џомтиен (Jomtien) во 1990 година, кое се потврди во Дакар во 2000 година, своја вистинска валоризација и редизајн доби на Светската конференција во Инчеон (Incheon) во 2015 година. Во тој контекст се дефинирани и целите на основното образование во нашата држава. Според легислативата, целите на основното воспитание и образование во Република Македонија се: стекнување општи и применливи знаења што се потребни во секојдневниот живот или за натамошно образование, хармоничен, интелектуален, емоционален и социјален развој на учениците соодветен со нивните способности, развивање на писменоста и на способностите на учениците за разбирање, информирање и изразување на македонски јазик и на неговото кирилско писмо, развивање на писменоста и на способностите на учениците за разбирање, информирање и изразување, покрај на македонски јазик и на неговото кирилско писмо, и на јазик и писмо на припадниците на заедниците кои зборуваат јазик различен од македонскиот јазик, развивање самодоверба и свест кај ученикот за сопствената индивидуалност и одговорност за своите постапки, воспитување за меѓусебна толеранција, соработка, почитување на различноста, основните човекови слободи и права, развивање свест кај учениците за припадност на Република Македонија и за негување на сопствениот национален и културен идентитет, воспитување за општи културни и цивилизациски вредности кои произлегуваат од светските традиции, усвојување општи и применливи знаења кои овозможуваат самостојно креативно дејствување во општествената и во природната околина и развивање способности за расудување и за изразување во уметноста и во културните традиции, развивање способности за истражување, експериментирање и решавање проблеми, вклучување и водење грижа за развојот на учениците со посебни образовни потреби, развивање на надареноста на учениците во различни области, унапредување на здравиот начин на живеење и воспитување за преземање одговорност за сопственото здравје и за заштита на животната средина.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/31651
Appears in Collections:Faculty of Philology: Books

Show full item record

Page view(s)

22
checked on Nov 7, 2024

Download(s)

2
checked on Nov 7, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.