Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/31538
Title: Списанието „Македонски глас“ во контекст на македонската културна традиција
Authors: Tasevska Hadji Boshkova, Iskra 
Keywords: Димитрија Чуповски, „Македонски глас“, македонски сепаратизам, слика за Македонија, културна традиција
Issue Date: 2024
Source: Тасевска Хаџи-Бошкова, Искра. „Списанието ʼМакедонски гласʻ во контекст на македонската културна традиција“. Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург 1902 – 1917, Зборник на трудови од научноистражувачки проект на МАНУ, прир. Катица Ќулавкова. Скопје: МАНУ, 2024, 293–308.
Conference: Научно-истражувачки проект на МАНУ, Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург, Димитрија Чуповски и Крсте П. Мисирков, 2019 – 2022 год.
Abstract: Текстот се занимава со истражувањето на одделните статии пишувани од Димитрија Чуповски и од други дејци во списанието Македонски глас, во кои се реактуализираат одредени прашања поврзани со македонската култура и традиција. Посебно значење, како претходница на Другарството на Чуповски, има дејноста на Лозарите и статиите објавувани во списанието „Лоза“, како израз на зародените македонски национални културни и јазични стремежи, како и меморандумите на Другарството. Во Меморандумот објавен во првиот број на списанието „Македонски глас“, низ пет одделни точки (барања) се укажува на правото на самоопределување на Македонците, македонската самостојност, рамноправна улога на Македонија во Балканскиот сојуз, обновувањето на Охридската архиепископија како независна национална црква и потребното народно собрание во Солун, кое ќе се одржи под покровителство на соседните држави. Во тој контекст се анализира и идејата за Балканската федерација, позната и афирмирана како можна преодна фаза во осамостојувањето на Македонија низ делото на Спиро Гулапчев. Одделните статии од списанието „Македонски глас“ се анализираат од перспективата на имагологијата и во однос на специфичностите на историскиот наратив, кој сведочи за идеолошки активната борба за диференцирање на македонските и на бугарските национални интереси, во светлината на Балканските војни и на Првата светска војна. Статиите ги потцртуваат димензиите на културната конструкција и реконструкција на националните личности и процеси, кои непрестајно се варираат. Сепак, таквата варијација воопшто не значи релативизам, туку можност за афирмирање на сопствената национална, јазична и културна посебност, како феномен кој е определен од доминантната визија на набљудувачот (содејствувачот) во рамките на соодветната културна сфера.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/31538
ISBN: 978-608-203-382-2
Appears in Collections:Faculty of Philology: Conference papers

Show full item record

Page view(s)

6
checked on Nov 7, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.