Please use this identifier to cite or link to this item:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/31535
Title: | Дијалошката природа на другојазичниот говорен и културен модел во творештвото на Марко Цепенков | Authors: | Tasevska Hadji Boshkova, Iskra | Keywords: | Марко Цепенков, дијалогизам, стилизација, Црна Арапина, културолошки паралели, фразеолошки изрази | Issue Date: | 2021 | Source: | Тасевска Хаџи-Бошкова, Искра. „Дијалошката природа на другојазичниот говорен и културен модел во творештвото на Марко Цепенков“. Марко Цепенков, македонската народна култура и фолклористиката, зборник на трудови од научниот собир по повод 190 години од раѓањето и 100 години од смртта на Марко Цепенков (1829 – 1920 – 2020), прир. Катица Ќулавкова. Скопје: МАНУ, 2021, 113 – 131. | Conference: | Научен собир по повод 190 години од раѓањето и 100 години од смртта на Марко Цепенков (1829 – 1920 – 2020). | Abstract: | Текстот се занимава со следење на темелните својства на раскажувачкото творештво на Цепенков, кој имал потреба „во прикажувањето да создава“. Наспроти воздржаноста на книжевната критика во промислувањето на уметничката развиеност на Цепенковата поезија, постојано се истакнува неговата вештина во стилизирањето на прозниот израз (раскажувањето), која е најимпресивно засведочена во фолклорниот материјал кој го собрал. Приказните собрани од Цепенков упатуваат на начинот како се случувал преминот од усниот кон писмениот израз, како и нивното специфично преплетување (видливо низ специфичната улога на повторувањата, семантички полните имиња, амплифицираните изрази кои го условуваат поврзаниот контекст, редунданцијата и сл.). Истовремено, приказната во која Цепенков го актуализира ликот на Арапот сведочи за неговата специфична техника на преобликување на туѓите културни елементи во дијалошкиот контакт, за што е потврда и преземањето на амбивалентниот спектар на дејствувањето на Арапот како лик. Тоа е особено видливо во хумористичните приказни, каде како соодветник на Арапот се појавува Еѓуптинот (Габер-гаго/Манго/Каргаман). Преку внесување на контекстуални елементи, односно феномени од искуствената стварност во ткивото на сказната, Цепенков ја стилизира и подновува. За јазикот на Цепенков се карактеристични синтагмите кои го одразуваат дијалошкиот контакт на различните јазични идиоми (македонскиот, турскиот, грчкиот и др.), актуелни во времето на 19 век. Творештвото на Марко Цепенков, независно дали се работи за неговите индивидуални (авторски) дела или за собирачката дејност, претставува фасцинантно сведоштво за културните процеси во Македонија во 19 век. Интеркултурноста која се забележува во овој период, импрегнирана и во различните текстовни релации, само ја потврдува импресивноста на творечките пројави од тоа време. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/31535 | ISBN: | 978-608-203-329-7 |
Appears in Collections: | Faculty of Philology: Conference papers |
Files in This Item:
File | Size | Format | |
---|---|---|---|
И. Т. Хаџи-Бошкова Дијалошката природа на другојазичниот говорен и културен модел.docx | 62.56 kB | Microsoft Word XML | View/Open |
Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.