Please use this identifier to cite or link to this item:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/31533
Title: | Есејот како специфичен феномен во творечките преокупации на Ерол Туфан | Authors: | Tasevska Hadji Boshkova, Iskra | Keywords: | есеј, жанр, творечка трансформација | Issue Date: | 2020 | Publisher: | Сојуз на друштвата за македонски јазик и литература | Source: | Тасевска Хаџи-Бошкова, Искра. Есејот како специфичен феномен во творечките преокупации на Ерол Туфан. Литературен збор 4-6, 2020, 49-65 | Journal: | Литературен збор 4-6, 2020, 49-65. | Abstract: | Поставеноста на есејот во системот на жанровите претставува негово исклучително обележје и својство. Тоа произлегува од необичната поврзаност на фактичкото искуство и фикционалното преобликување, втемелена во неговата структура, што добива и своја карактеристична изразна компонента. Периферната поставеност на овој жанр среде класично (централно) поставените жанрови е нешто кое особено доаѓа до израз во еден несекојдневен меланж од содржински и изразни компоненти, каков што е поетскиот есеј. Тоа е доминантната обликотворна супстанца во која се структурирани поетските доживувања на дводомниот (македонски и турски) писател Ерол Туфан во неговата нова збирка Несоници, објавена во 2020 година од страна на издавачката куќа „ПНВ Публикации“. Изборот на оваа необична творечка форма (поетскиот есеј) несомнено сведочи за литературното искуство на авторот, со оглед на фактот дека тоа е негова четврта книга (која на некој начин ги дополнува неговите прозни есеистички искуства, повеќето пишувани во 90-тите години на 20 век и објавени во 2006 година, во збирката под наслов Книгољубецот). Овие факти сведочат за писателовата природна, но и развојна наклонетост кон овој жанр, која не е помала од неговите поетски преокупации, што е видливо и низ поетските збирки Балкански син (2013), Камчето од Вардар (2016) и двојазичната поетска збирка Меланхолија/Melankoli (2020). Во таа смисла, неговото творештво претставува суштински и неодминлив дел од развојот на македонската литература во 21 век, која е сѐ поразновидна и испреплетена со иновативни творечки пројави и тенденции. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/31533 |
Appears in Collections: | Faculty of Philology: Journal Articles |
Files in This Item:
File | Size | Format | |
---|---|---|---|
Есејот како специфичен феномен во творечките преокупации на Ерол Туфан.docx | 51.64 kB | Microsoft Word XML | View/Open |
Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.