Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/31514
Title: Класичната традиција во поетската визија на Јован Котески
Authors: Tasevska Hadji Boshkova, Iskra 
Keywords: поезија, антички мотиви и теми, Јован Котески, реактуа- лизација, поетски хронотоп
Issue Date: 2023
Publisher: Здружение на класични филолози „Антика“
Source: Тасевска Хаџи-Бошкова, Искра. Класичната традиција во поетската визија на Јован Котески. Systasis, бр. 41, 2023, стр. 97 – 110
Journal: Systasis, бр. 41, 2023, стр. 97 – 110.
Abstract: Текстот се занимава со поезијата на Јован Котески од гледна точка на не- говата творечка поврзаност со античките книжевни и културни теми и мотиви, кои обележуваат една посебна фаза од неговото творештво. Развивањето на неговата творечка мисла во таа насока значи повеќе од едноставно осврнување кон традицијата, во смисла на користење и ефективно пресоздавање на опре- делени антички мотиви и елементи. Во суштина, како што истакнува и Ефтим Клетников, тоа е потрага по нови поетски простори, кои не се само хронотоп на текстот туку и обид да се надминат границите што ги поставува животната стварност. Во тој контекст, не е случајно што неговиот интерес за класичната традиција се реактуализира во времето кога е затворен и изопштен, како чо- век на маргините, кој и поетски прозборува за тоа во едно подоцнежно време. Митолошкото во неговото творештво значи повеќе од навраќање кон изворот, бидејќи тоа нуди катарзично прочистување од егзистенцијалната драма на човекот, која нема крај. Во неговата визија, митот и, особено, хомеровската традиција ја потцртуваат важноста на перформативноста како суштински елемент на поезијата, која живее преку нестивнатите актуализации на ан- тичките теми и ликови. Тие добиваат една нова димензија на животност и на присутност, тие се нови во поинаквиот контекст, но истовремено потсетуваат на сето она што традицијата го инкорпорирала во нив. Оттука, митското и класичното стануваат своевидно својство на оваа поезија, како коегзистенција на различните времиња и простори што бесконечно се проникнуваат, но и критички се преосмислуваат.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/31514
ISSN: 1857-5129
Appears in Collections:Faculty of Philology: Journal Articles

Files in This Item:
File SizeFormat 
systasis_41_7.pdf262.12 kBAdobe PDFView/Open
Show full item record

Page view(s)

6
checked on Nov 7, 2024

Download(s)

1
checked on Nov 7, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.