Please use this identifier to cite or link to this item:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/31494
Title: | Природните науки низ игра: Escape room како дел од DiSSI активностите | Authors: | Марина Стојановска, Катерина Русевска, Ламбе Барандовски, Владимир Петрушевски | Keywords: | : escape room, DiSSI, гасови, екологија, мотивација, СТЕМ, струјни кола | Issue Date: | 2023 | Publisher: | Сојуз на математичари на Македонија Природно‐математички факултет, Скопје | Source: | Марина Стојановска, Катерина Русевска, Ламбе Барандовски, Владимир Петрушевски. Природните науки низ игра: Escape room како дел од DiSSI активностите. Зборник на трудови од Третата меѓународна конференција за образованието по математика, физика и сродни науки, Природно-математички факултет, Скопје, 6-8 мај 2022, 210-216 (2023). | Conference: | Трета меѓународна конференција за образованието по математика, физика и сродни науки Природно‐математички факултет, Скопје 6 – 8 мај, 2022 | Abstract: | т. Еден од најголемите предизвици со кои се соочуваат наставниците денес е да одржат активно учество и да ги мотивираат учениците за работа на часот. Пристапот базиран на игра може да биде многу корисен метод за да се постигне оваа цел и да им се овозможи на учениците да преземат одговорност за своето учење, создавајќи на тој начин средина за учење насочена кон учениците. Работејќи во група, учениците разменуваат мислења и заеднички се обидуваат да дојдат до решението или да победат во играта. На овој начин тие се забавуваат во текот на играта, но истовремено и учат, со што се раѓаат и нови идеи. Соработката им помага да го конструираат сопственото знаење и да ги надминат евентуалните пропусти во знаењето. Новина во образовниот процес се т.н. escape room активности, кои може да се применат за било кој предмет и за било која содржина. Escape room пристапот станува сè поприсутен во наставниот процес и буди голем интерес кај наставниците и учениците. Преку вакви активности учениците ги совладуваат концептите на начин кој се разликува од традиционалниот, а тоа создава позитивна атмосфера за учење. Во рамки на проектот „Разновидноста во природните науки низ социјална инклузија – неформално образование по природни науки и ученичка разноликост“ (DiSSI) дизајнирани се escape room активности на три различни теми: екологија, струјни кола и гасови. Активностите се наменети за едукација на учениците за значењето на природните науки во секојдневниот живот, зголемување на нивната мотивираност за изучување на природните науки и размислување за идна кариера поврзана со СТЕМ, како и за поддршка на сегашните и идните наставници по природни науки во препознавањето на различните димензии/аспекти на разновидноста во класовите. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/31494 |
Appears in Collections: | Faculty of Natural Sciences and Mathematics, Institute of Physics: Conference papers |
Show full item record
Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.